Кој е последен рок за да си ги смениме личните документи?

Со изгласувањето на уставните измени и промената на името на државата во Република Северна Македонија како нејзини граѓани сите сме обврзани во одреден рок да си ги смениме личните документи. Одлуките за уставните измени, за имплементацијата на Договорот од Преспа и за измените во Уставот веќе се објавени во Службен весник, што значи тие веќе стапуваат на сила.
Рокот за промена на документите е за пет години или најдоцна до 2024. до кога треба да поседуваме лични документи на кои ќе стои новото име на државата.
Новите лични карти и пасоши ќе треба да си ги платиме сами, што, исто така, се однесува и за новите ознаки на регистарските таблички на нашите возила. И за нив важи истиот рок, односно најдоцна пет години откако ќе биде ратификуван договорот за името во Парламентот во Грција.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.