Лидерот на опозицијата го нокаутира Републиканецот во Собрание! Шокантна сцена: Ненадејно истрча на говорница, настана невидена тепачка (ВИДЕО)

Невидена тепачка изби во понеделникот во грузискиот парламент при разгледување на законот за странски агенти!На видеото се гледа како лидерот на опозициската партија „Граѓани“ Алеко Елисашвили притрча до говорницата и го удира во глава извршниот секретар на владејачката „Грузиски сон“ Мамука Мдинарадзе. Тепачката веднаш добила поголеми размери, се вклучиле и други парламентарци, а преносот бил прекинат.Пратениците ја продолжија тепачката во ходникот на парламентот . Елисашвили на крајот ја напушти зградата и им рече на новинарите дека бил исфрлен.– Доста ми е! Го удрив тој руски агент по лицето. Нè носат во Русија… Не смееме да дозволиме да се донесе овој закон! Сите што ја сакаат Грузија мора веднаш да излезат на улица – изјави Елисашвили на новинарите по инцидентот.
BREAKING: Chaotic scenes from Georgia parliament during the consideration of the law on foreign agentspic.twitter.com/t7QAPvJ0nE— Insider Paper (@TheInsiderPaper) April 15, 2024
Да потсетиме, грузиските пратеници во понеделникот почнаа да го разгледуваат предлог-законот за транспарентност на странско влијание. Во исто време започна протест во центарот на главниот град Тбилиси.На 7 март 2023 година, Парламентот на Грузија претходно го усвои нацрт-законот за странски агенти во прво читање. После тоа, во главниот град на земјата започнаа масовни собири, кои полицијата ги растера со солзавец и водени топови. За време на демонстрациите, тие денови беа приведени 133 лица. Властите подоцна го повлекоа документот од парламентот.Сепак, на 3 април, владејачката партија повторно го воведе контроверзниот закон во парламентот. Овојпат наместо терминот „агент на странско влијание“ се користи концептот „организација која ги реализира интересите на странска сила“. Остатокот од содржината останува непроменет.Во образложението се наведува дека иницијативата предвидува регистрација на непрофитни правни лица и медиуми чии приходи, особено над 20 отсто, доаѓаат од странство. Во него се наведува и дека сите организации кои се занимаваат со „интересите на странските сили“ мора да бидат регистрирани во државниот регистар.Граѓаните со денови протестираат во Тбилиси барајќи повлекување на законот.Локалната опозиција тврди дека овој документ е аналог на рускиот.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ваквите изјави ги нарече апсурдни и потсети дека САД се првата земја што измислила систем за борба против странски агенти.– Сега тоа веќе стана светска практика – додаде Песков.

Пронајдете не на следниве мрежи: