Луѓето забележале нешто чудно во оваа куќа од 1,3 милиони фунти – гледате ли што?

Една бизарна куќа со пет спални соби и околу 147 штекери се продава за 1,3 милиони фунти. Огласот со фотографиите во британскиот Мидлсекс ги збунил корисниците на интернетот, особено кога ја виделе просторијата во која има точно 36 штекери.
Домот во огласот е опишан како “семејна куќа со светол и простран влез”, а авторот на огласот избегнал да напише нешто повеќе за штекерите кои се наоѓаат насекаде по ѕидовите.
Куќата го воодушевила и сценаристот Тоби Дејвис кој го споделил огласот на Твитер.
“Размислувам за купување на оваа куќа, ама не сум сигурен дали има доволно штекери”, се пошегувал Дејвис.


Други во коментари се обидувале да погодат која е причината која го навела сопственикот да постави толку штекери низ целиот дом.


“Куќата изгледа како да има сипаници”, напишал еден корисник, а други се сомневаат дека на тоа место се одгледувал канабис, па сопствениците инсталирале голем број штекери за различни облици на греење.


Дел од корисниците на социјалните мрежи забележале дека штекерите недостасуваат во бањата и кујната каде што обично се најпотребни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.