Макрон одбива секакво проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе блокира секакво проширување на Европската Унија, откако земјите членки не успеаја да се договорат за именување кадар за раководните функции во Унијата.
– Скептичен сум кога ни објаснуваат дека иднината на ЕУ е во ново проширување, кога ние 28 не можеме да се договориме. Одбивам секаково проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ, изјави денеска Макрон.
Изјавата на Макрон доаѓа откако лидерите на 28-те земји членки на ЕУ не успеаја да се договорат околу кандидатите за водечките позиции на институциите на Унијата, поради што по 18-часовни разговори го прекинаа Самитот започнат синоќа и неговото продолжение претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск го закажаа за утре.
Западните медиуми потсетуваат дека одлуката за добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ за Северна Македонија и Албанија е одложена за октомври.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини во мај предупреди дека доколку со овие две земји наскоро не почнат преговори за членство тоа “ќе ја поткопа стабилноста и сериозно ќе наштети на натамошните реформи“. (МИА)

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.