Марко се подготвува за уште еден подвиг на Охридското Езеро

Малиот херој Марко Пејчиноски неуморно се подготвува за уште еден подвиг на Охридското Езеро, кој ќе се обиде да го спроведе во дело на 28-ми август, пишува порталот „Охридпрес“.
Езерото и Марко полека испишуваат нова легенда, а претстојниот подвиг ќе биде посветен на борбата на лицата со ретки болести. Специјално за овој настан се изработени маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болести. Истите ќе чинат 300 денари, а приходот минус трошоците од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани.
Заинтересираните лица кои сакаат да купат маица треба да извршат нарачка преку порака на нашата страна, во која треба да се наведе: боја, големина и количина, по што ќе бидете контактирани од нашите адмнистратори за сите детали. Краен рок за нарачка на маиците за поддршка на лицата со ретки болести е 20.08.2019 година до 15:00 часот, по што нарачателите ќе бидат информирани каде ќе може да ги подигнат, информираат од тимот на Марко Пејчиновски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.