Исклучително интересна сцена е снимена по триумфот на Новак Ѓоковиќ на стартот на Завршниот Мастерс во Торино.
Најдобриот светски тенисер го победи Дејн Холгер Рун со 2:1 во сетови 7:6(4), 6(1:7, 6:3, во првото коло од Зелената група на завршниот АТП турнир во Торино и со што ја обезбеди првата позиција на АТП листата на крајот од сезоната.
- „ВЛЕН“: Ахмети ја загубил контролата откако сфатил дека ја загубил власта
- ФОТО | 16 години помладото момче на Шакира за прв пат проговори: Она што го кажа за популарната пејачка е она што СЕКОЈА ЖЕНА би сакала да го слушне од својот партнер
- Верстапен го собори рекордот на Сена, прв ќе стартува во Имола
- Умрел откако јадел лут чипс: „Тинејџер учествувал во предизвик за јадење на лута тортиља“
- „Вашингтон пост“: Русија демонстрира воена и економска стабилност која Западот не ја очекуваше
Иако беше видно исцрпен по исцрпувачкиот меч кој траеше повеќе од три часа, Новак по победата остана долго на теренот за да им оддаде почит на бројните навивачи кои му дадоа голема поддршка од трибините.
Се дружеше со обожавателите, делеше сувенири и трпеливо потпишуваше автограми.
Во еден момент добил многу необично барање.
– Можеш ли да ми потпишеш на градите? – го праша Ѓоковиќ еден воодушевен тип.
– Дали си сигурен? – праша со насмевка изненадениот Новак.
Во тој момент навивачот го подигна дресот и му покажа на Србинот каде да потпише, а дебитантот му ја исполни желбата.
Погледнете ја оваа интересна сцена:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.