Одиме на одмор во сезона, па се жалиме како е скапо и има гужва…

Одиме на море сред сезона и се жалиме како е скапо и како има огромна гужва…
Летуваме во месеците кога е најголема жештина и се жалиме за истата…
Патуваме со автомобил и им се смееме на оние кои се класкаат во автобусот…
Бираме далечни дестинации и се жалиме како патот е предолг…
Одиме на море и ни пречи што влажноста на воздухот е голема…
Сакаме во природа, но да го нема сето она што ја сочинува таа природа…
Сакаме да откриеме ново место, но ако може да не мрднеме со прст…
Сонуваме за уникатно искуство, но не правиме ништо за да му овозможиме макар и само од себе да се случи…


Зошто го кажувам сето ова?
Одличното летување не мора да биде ниту скапо, ниту далеку, ниту комплицирано, освен ако сами не го направите такво.
Добриот провод – исто.
Виното од сликата чини околу 6 евра, ладено во фрижидер 2 дена, црешните беа неколку евра, чашите се позајмени од нечиј кујна и вратени цели и на број, црвениот пешкир не ни знаеме чиј е, ниту од каде кај нас, веќе втора година…
Вкупната вредност не е преку 10 евра, а петте лица кои беа во оваа ситуација од сликата сигурно нема да го паметат проводот по тоа што некој „ги одрал“ за нешто…
Заоѓањето на сонцето беше бесплатно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.