Подготовка:
Загрејте ја рерната на 250 степени.
На тава со димензии 13х18cm ставете хартија за печење и премачкајте ја со путер или малку масло.
Јајцата изматете ги заедно со млекото, медот и ванилата.
Во посебен сад промешајте го брашното со прашокот за печење, содата, малку сол и циметот. На крај додадете го стопениот путер.
Измешајте ги смесите и мешајте додека не се соединат.
Во подготвената тава распоредете го тестото рамномерно, па додадете ги слатките додатоци за кои сте се решиле.
Печете 15 до 17 минути на температура од 220 степени.
Палачинките може да ги проверите така што ќе ги боцнете со чепкалка за заби, пред да ги извадите од рерна.
Оставете ги да отстојат 3 до 5 минути, па сервирајте.