Пендаровски утре во официјална посета на Албанија, ќе се сретне со Мета и Рама

Претседателот на државава, Стево Пендаровски утре ќе престојува во официјална посета на Република Албанија. Тоа е прва официјална посета на претседателот Пендаровски на Албанија.
Пендаровски во Тирана ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната Федерација за мир.
Предвидено е претседателот Пендаровски да се сретне со албанскиот претседател Илир Мета и со премиерот Еди Рама, како и со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.