Писмо од девојката која е научена да биде сама

Искрено не знам како да почнам, но ако го читаш ова, тогаш ти си мојот дечко.
И, сето тоа е изненадувачки, бидејќи јас достигнав точка во мојот живот каде почнав да верувам дека љубовта не е за мене. Отфрлив многу луѓе од себе, бидејќи сум крута и тешко ми е да верувам некому. Независна сум и едноставно помислата да бидам со друга личност е страшна за мене.
Јас поминав многу работи во мојот живот. Кажав и направив нешта за кои секогаш ќе се каам. Играв со оган во најдлабоките делови на пеколот и сѐ уште имам изгореници на моето тело.
Целиот живот сум сама и едноставно се навикнав на мојата независност. Мислата да го споделам дел од својот живот со друга личност за мене истовремено е застрашувачка, но и среќна мисла. Мојата независност е повеќе од моја карактеристика, тоа е начин на живеење. Не сакам да споделам делови од мојот живот и знам дека ќе те нервирам со ова, но дај ми време. Те молам биди трпелив.
Можеби ќе бидам чудна. Целиот живот поминат во осаменост всушност го прави тоа. Можеби ќе бидам себична или затворена, но знај дека те сакам. Кажувај ми кога грешам и простувај ми кога те повредувам ненамерно.
Ќе постојат моменти кога ќе сакам да бидам сама и затоа, дај ми простор. Целата љубов и внимание ќе бидат понекогаш премногу за мене. Не те мразам и не те игнорирам, туку едноставно ми треба време за себе.
Верувам дека веќе знаеш дека нема да биде лесно. Јас сум исплашена и загрижена дека можеби се каеш веќе што си со мене и што се впушти во сето ова. Ќе се расправаме, ќе имаме успони и падови, но сакам да знаеш дека ќе те сакам. Подготвена сум да поминам низ сето лошо и добро со тебе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.