Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.
До вторник ќе се задржи сончево и топло време. Во среда облачноста ќе се зголеми, дневната температура ќе опадне за неколку степени, а во текот на ноќта кон четврток ќе има локален дожд.
Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, а дневната температура дополнително ќе опадне за уште 5-7 степени.