Познатиот млад пејач е обвинет поради детска порнографија, му се заканува затвор до 20 години

Јутјуб ѕвездата Остин Џоунс, кој се прослави со преработки на познати поп хитови на интернет, ќе помине најмалку 5, а најмногу 20 години во затвор.
Џоунс (26) е уапсен и обвинет за произведување и дистрибуција на детска порнографија, бидејќи ги поттикнувал малолетните обожавателки да му испраќаат фотографии на кои се голи.
Пејачот пред судот во Чикаго ја признал вината, а до изрекувањето на казната ќе биде на слобода, за да може да побара психијатриска помош, пренесува „Huffington Post“.


Џоунс помеѓу 2010-та и 2017-та година од десеттина девојчиња кои го следеле на социјалните мрежи, барал и добивал фотографии на кои биле без облека. Највозрасната меѓу нив имала само 15 години.
Обвинителството ги приложило и пораките кои им ги праќал на жртвите, во кои, меѓу останатото пишувало: „Биди среќна што воопшто ти обрнувам внимание“ и „На следната фотографија биди без долна облека, за да ми докажеш дека си моја најголема обожавателка“.
Пејачот уште во 2015-та година се соочил со обвинение поради тоа што од неговите обожавателки барал снимки на кои тие „тверкаат“. Подоцна тој се извинил на својот Јутјуб канал за овој скандал и рекол дека на тиа снимки „Немало голотија и физички контакт“. Казната ќе му биде изречена во мај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.