Поранешниот ракометен голман на Вардар, Југ, Пролет и на Повардарие, Ѓокица Стојановски, денеска стана вистински хит на социјалните мрежи, бидејќи ја загубил својата торбичка полна со пари, а пронаоѓачот му ја вратил на домашна адреса.
Херојот се вика Насер од Чаир, кој на пронашол торбичката во близина на трговскиот центар Рамстор и веднаш, без двоумење, по адресата на личната карта го пронашол домот на Стојановски и му ја вратил торбата.
Како што е наведено во текстот, покрај личните документи и банкарски картички, во торбичката имало и 650 евра и 9.000 денари.