Последен поздрав од „Комити“ за Ѕинго: Сега сé му простуваме…

Денес на 84 годишна возраст почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија, од 1993 до 1999 година. Беше долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Од Ѕинго денес се прости и навивачката група „Комити“ кои и му простија за несогласувањата во минатото.
„Бог да го прости Љубисав Иванов…
Ова не е препеаната песна за Миле Поп Јорданов, која западот во полн сјај ја пееше, исполнет, сите со свеќи во рацете, назад во 90-тите…а денес е сеќавање на една борба со лик кој имаше различни сваќања за фудбалот од останатите, и од навивачите…
Вардар го надживеа, го надживеавме и ние, така ветивме, така и се случи, но сега се му простуваме…Ќе ти прости и небесниот наш Коп, затоа што сеќавањата на тие времиња не ни оставаат простор за ништо друго освен чувство на носталгија за убави моменти…
Почивај во мир Ѕинго“, пишуваат Комитите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.