Пукање во Виена – еден мртов, еден повреден, напаѓачот побегна

Едно лице загина и едно е повредено во вооружен напад во ресторанот „Figlmüller“ во центарот на Виена, соопшти локалната полиција.
„Околу 13 часот и 30 минути две лица се здобија со прострелни рани во областа Лугек. Порагата по напаѓачот е во тек. Засега нема други детали“, рече портпаролот на полицијата пред да биде потврдено дека едниот ранет им подлегнал на повредите.


Направен е полициски кордон околу областа каде што се наоѓа ресторанот и со хеликоптер се трага по осомничениот кој побегнал од местото на инцидентот.
Итните служби и специјалната единица Кобра се на терен каде продолжува истрагата за случајот за кој уште не е познат мотивот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.