Време е за пост, па и рибата на манастирски начин е одличен избор. Вкусот е одличен, а најважно е тоа што на своите најмили ќе им сервирате здрав оброк.
Следете го рецептот и уживајте!
Состојки:
– 3 парчиња ослич;
– 1 главица бел лук;
– сончогледово масло;
– свеж магдонос;
– оригано, босилек, копар;
– маслиново масло
Подготовка:
Се мешаат сувите зачини, па откако ќе ја пресечете рибата на парчиња истурете ги врз неа и оставете ја да отстои 2 часа во фрижидер. Потоа се става во тава на хартија за печење и се прелива со масло (по една лажичка на секое парче).
Тавата покријте ја со алуминиумска фолија и печете околу половина час на 200 степени, потоа извадете ја фолијата и печете околу 15 минути.
Во сад ставете го исецканиот бел лук и магдонос, маслоновото масло и сол, па сето тоа прелијте го преку жешката риба.
Вратете ја фолијата на рибата и оставете ја да отстои додека не се подолади за да ги впие вкусовите.