Руски спортист призна дека се допингувал по налог на атлетската федерација на Русија

Поранешниот познат руски фрлач на ѓуле Сергеј Литвинов (36) призна дека земал забранети супстанци во 2012 година по налог на Руската атлетска федерација.

„Се допингував од април до мај 2012 година, земав туринабол и оксандролон за да се квалификувам за Олимписките игри во Лондон. Руската атлетска федерација го нареди тоа, но на крајот тоа беше моја одлука и моја вина. Пред да ги земам супстанциите го фрлив ѓулето 79 метри, а допингот ми помогна да ги подобрам резултатите за два метри“, напиша Литвинов на Facebook.

Литвинов, кој сега живее во Германија, рече дека ги предал сите детали на Единицата за интегритет во атлетиката (AIU).

AIU му изрече двегодишна суспензија и ги поништи неговите резултати помеѓу јуни 2012 и февруари 2016 година, бришејќи го најголемото достигнување во неговата кариера – бронзениот медал на Европското првенство во 2014 година, кој го освои со фрлање од 79,35 метри.

Пронајдете не на следниве мрежи: