Секси авантура или безобразно добар бустер на самодоверба…

Слободно препуштете се, но не ги заборавајте овие работи…

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се …
Вељко Ражнатовиќ конечно проговори за Јелена Карлеуша! Тој доби неочекувано прашање: Не размислувам на тоа (фото)
Вељко Ражнатовиќ ретко „излегува“ во јавноста и речиси воопшто не се појавува во преносите, особено што се посвети на боксерската кариера и секојдневните тренинзи.Меѓутоа, сега направи мал преседан па …

Авантурата потполно ќе ви ја зашемети главата. Што значи дека од вашето слободно време и нема да остане многу. Токму сингл статусот е рецепт за спонтаност во вистинска смисла на зборот, но тука се крие предноста на авантурите-вие всушност сте сингл и времето го организирате токму како ви одговара!
Тој веројатно нема да биде Вистинскиот. Со него ќе ви биде забавно, ќе мислите на него скоро цело време, но мала е веројатноста дека во потрага по секси авантура ќе налетате на човекот на вашиот живот. Доколку сакате само лудо да де забавувате и од целата приказна да не излезете разочарани, ова е работа која не смеете да ја заборавите.
Авантурата е прилика да му дадете шанса на некој кој воопшто не е ваш тип. Што од една страна може да ве потсети зошто за вас двајца нема шанса приказната да се продолжи, а од друга страна пак да ви ги отвори очите и да ве потсети дека господинот Совршен можеби треба да го барате на места на кои досега не ви текнало, далеку надвор од вашата конфорт зона.
Тој не ви е дечко. Што значи дека лигавото однесување кое е типично за паровите би требало да го сведете на минимум, за да не бидете љубоморни доколку во приказната вледа некој трет и добро да размислите колку треба да го пуштите во вашиот живот.
Авантурата доаѓа со рок на траење. Што значи дека авантура не е добра идеја за вас доколку лесно се заљубувате и тешко се разделувате. Ако сте една од личностите кои тешко прифаќаат дека добрите работи имаат крај, подобро останете сингл!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.