Сириски фудбалер убиен при напад на стадионот во Дамаск

Сириски фудбалер е убиен во напад на стадионот во Дамаск, јави државната новинска агенција.Како што пренесува Сана, две минофрлачки гранати паднале на стадионот „Тишрин“ во централната област Барамкеш, додека фудбалскиот тим Ал-Ватба имал тренинг таму.Неколку други фудбалери се повредени, пренесе Сана.Овој напад следи еден ден по нападот на претседателската палата која се наоѓа во близина на стадионот во Дамаск, во кој немаше повредени.Бунтовниците и војската се борат во и околу Дамаск со месеци.Во вторник, најмалку 31 лице беа убиени при ракетен напад од војската во вториот по големина град во Сирија, Алепо, посведочија очевидци и активисти, во еден од најсмртоносните инциденти во последните денови.Според Обединетите нации 70.000 луѓе се убиени во конфликтот откако народот се побуни против режимот на претседателот  Башар ал-Асад во март 2011 година.
МакедонијаСириски фудбалер е убиен во напад на стадионот во Дамаск, јави државната новинска агенција.Како што пренес

Пронајдете не на следниве мрежи: