Огромен смок со гигантска големина денес бил забележан во Кратовското село Филиповци. Неколку работници при работа на поле во непосредна близина случајно го забележале огромниот влекач и со стапови го отепале.
Изненадени од големината на смокот, го измериле и останале вчудоневидени кога метрото покажало должина од 4,5 метри.
Ова не е единствен случај на гигантски влекачи во Кратово. Пред само неколку дена Тоше Мијалев во дворот на својата викендичка во Кратово отепа змија долга 2 метри.