Средба на претседателот Пендаровски со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва.

На средбата се разговараше за можностите за напредок на Северна Македонија во евроинтеграциите, во пресрет на одржувањето на Советот на Европската Унија следниот месец. Соговорниците разменија информации и мислења за билатералните прашања врзани со добрососедските односи, во контекст на надминување на проблемите со Бугарија.

На средбата се потенцираше важноста за скорешно одржување на меѓувладината конференција и формалниот почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Претседателот изрази благодарност до министерот Силва за напорите на португалското претседателство коешто, покрај бројните значајни теми, ја одржува во фокус и дебатата за проширувањето на Европската Унија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.