Студено време со дожд, повремено се очекуваат поројни врнежи

Времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и проследени со засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне само 14 степени.
Во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд со променлив интензитет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.