УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА СПОЕНИОТ ВИКЕНД

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец.
Во сабота времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.
Во недела времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во понеделник за време на неработниот ден во земјава времето ќе биде променливо облачно и студено со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
УХМР денеска издаде и актуелно предупредување:


Под влијание на влажна воздушна маса во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и засилен ветер, особено денес во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.