Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер призна дека едвај може да ги следи натпреварите во текот на сезоната поради неговиот напорен распоред
Федерер треба да има малку повеќе слободно време сега кога е во пензија, но поголемиот дел од тоа време го земаат неговите деца и сите други работи што се случуваат во неговиот живот.
- Три лица вчера биле каснати од бездомни кучиња
- ЗАГРОЗЕНО Е ЗДРАВЈЕТО НА БОБА ЖИВОЈИНОВИЌ – Сопругот на Брена повторно минува низ пекол, еве за што се работи
- Мајката му испратила порака на синот дека вечерата е готова, неколку минути подоцна тој ги убил неа, татко му и сестра му
- Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата
- Фановите на Џенифер Лопез мислат дека со овој потег таа потврдила дека се разведува од Бен Афлек
Поради тие приватни обврски, тој не стигна ни да го гледа спектакуларното финале на Вимблдон што годинава го играа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Тешко ми е да гледам натпревари, едноставно затоа што немам време, да бидам искрен. Со децата и сè што се случува во мојот живот, тешко е да се каже: „Во ред, денес ќе го гледам овој натпревар“. Како и финалето на Вимблдон, тој ден буквално видов само два натпревари бидејќи трчавме со децата и правевме работи“, рече Роџер, додавајќи:
– Тогаш во еден момент брзо се префрлив, малку „ѕирна“ и реков: „Па, видов малку од финалето на Вимблдон“. Секако дека бев љубопитен, ги гледав резултатите од време на време, но тешко ми е да седам и да гледам. Бев среќен што натпреварот беше толку добар и сакам кога од играта излегуваат одлични приказни.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.