Горан Стојковиќ Карамела бил „крал на имитациите“ поради што често се облекувал како жена.
Иако бил често мета на негативни коментари, Карамела не запирал – тој направил пластични операции за да го разубави својот изглед со кој не бил задоволен.
– Не го направив тоа поради имитациите, туку поради тоа што сум перфекционист. Знаете, кога мајката природа не ми дала убав нос, тогаш најубаво е да отидете и да го средите тоа, па потоа коа ќе застанете пред огледало и ќе си речете: „ Е сега ми фали уште ова и ова“. Многумина ми имаат кажано дека не сум нормален кога го зборувам ова, но сепак тоа сум јас, открива Горан и додава:
– Ги оперирав носот, ушите, капаците. Немам ставено силикони на усните, тоа сите го мислат, но ќе забележите на фотографиите од детство дека ја немам направено устата. Имав една сообраќајна несреќа и тогаш го направив носот. Ботокс имам, тоа денес нема кој не го прави. Тоа сите сега го ставаат, тоа ти е како да одиш во продавница. Мојата сопруга не сака ништо од тоа. Таа е природна. Не го сака тоа и не сака коа зборувам за тоа. Таа е економист, не е за тие приказни и вистинска личност е за мене, да ме спушти кога треба, открива Карамела.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.