Шумски пожари беснеат во Шпанија

Пожар во областа Тарбена, во шпанската провинција Аликанте, принуди евакуација на 180 луѓе. Нема извештаи за оштетени или изгорени станбени објекти.Горат шумски површини во околината на градот. Во гаснењето се вклучени десетици пожарникари и опрема. Меѓутоа, нивната работа е попречена не само од налетите на ветерот, туку и од невообичаено високите температури. Според синоптичарите, термометрите покажуваат најмалку 10 степени повеќе од просечните вредности за април. Шумските пожари не се невообичаени во Шпанија, но во последниве години тие започнуваат порано во пролетта и траат до доцна есен. Меѓу причините за овој тренд се климатските промени и зголемувањето на температурите ширум светот.

Пронајдете не на следниве мрежи: