Љубовен кинески хороскоп

Змеј (родени во 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)
Исклучително сте атрактивни и шармантни, а бројни се и оние кои ги привлекува вашата појава. Влегувате од една во друга романса и тешко ви е да се смирите со една личност. Штом ќе почувствувате слабост кај вашиот партнер, го напуштате и барате нов предизвик. Поради вашата доминантност многумина не успеваат да ве следат. Вие бргу ги заборавате, но немојте да бидете сигурни дека и тие ве заборавиле вас. Вашиот кинески хороскоп укажува на фактот дека ви е потребен некој кој што ќе ви даде повеќе простор, но кој сепак ќе биде активен како и вие, бидејќи единствено таква личност не би била заплашена од вашата сила.

Змија (родени во 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)
Многу сте заводливи, а кога ви се допаѓа некој, не се откажувате од желбата да го освоите. Другите ги привлекувате со вашата романтичност и хумор. Но, не сакате туку така да бидете фатени и вешто ги избегнувате љубовните замки. Вашиот кинески хороскоп зборува дека сакате да ја сочувате вашата слобода и да откривате нови видици. Кога сте во врска со личност која навистина ја сакате, станувате многу внимателни, но сепак ви е потребно време за на партнерот да му ги откриете вашите стравови и слабости.

Коњ (родени во 1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002)
По природа сте непоправлив романтик, а врските во кои што стапувате се многу бурни.  Тешко ви е да одберете само еден партнер, но би морале да одлучите и да ги преземете вашите обврски. Вашиот кинески хороскоп укажува дека ви е потребен некој кој ќе се грижи за вас, но воедно и кој ви дава слободата која ви е потребна. Иако можеби на другите им делувате несериозно, во длабочина на душата вие сте еден од оние кои што сакаат да пронајдат вистинска личност со која што ќе ги поминат најубавите моменти.

Овца (родени во 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003)
Вам од се најважно ви е чувството на сигурност. По природа сте многу емотивни, лесно се расплакувате, но ви недостасува самодоверба за да ги изразите своите емоции. Вашиот кинески хороскоп зборува дека често делувате отсутно и дека тешко создавате нови познанства. Истовремено сте нежни, романтични, креативни, но вашата неодлучност е нешто што би можело да му пречи на вашиот партнер. Меѓутоа, тој тоа ќе ви прости ако е вистинскиот, бидејќи ќе знае дека во душата вие сте прекрасна личност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.