Во деновите кога ќе врне внимавајте бидејќи може да платите голема казна за еден прекршок, а тоа е прскањето на пешак. За да бидат казнети несовесните возачите мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото, или пак казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или ако полицаец биде сведок на настанот, а ако нема полицаец следна опција е да се јавите на 192, но да го задржите возачот и тој да признае што направил.
Казната е 35 евра во денарска противвредност, како и 15 негативни поени.