Експерт открива како да изгледате 10 години помладо

Loading...

Голем број жени трошат вистинско богатство на разни чудесни “антиејџ” третмани, но Шари Рејнолд, директор во компанијата “Barney Martin” објаснува дека во постигнување на младешкиот изглед може да помогне и промената на бојата на косата.
Шари вели дека можете да користите различни тонови на руса и кафеава со цел да влијаете на визуелниот изглед на вашето лице, да ги истакнете најубавите делови и да ги прикриете недостатоците.
Една боја на коса е посебно добра за младешкиот изглед, а станува збор за “бејби русите нијанси”.
“Тоа е токму бојата која ја имаат бебињата. Таа е светла и има голем отсјај, но тонот е многу нежен и совршено се вклопува со бојата на кожата”, изјавила Рејнолд.

Во случај да сте љубител на потемните тонови, најдобро би било да се одлучите за бразилско кафеавата боја каква што има познатата бразилска манекенка Изабел Гулар.
“Оваа боја поседува совршено балансирани топли и ладни тонови кои одлично изгледаат на дневна светлина. Не е премногу темна и дава суптилен сјај”, објаснува Шари.

Уште една одлична нијанса е бојата на килибар која му дава здрав сјај на лицето и ја ублажува видливоста на брчките или пигментацијата. Нежната килибар нијанса може да послужи како база, а особено е добра за осветлување на русата или кафеава коса. На крајот, Шари вели дека можете да се одлучите и за некоја медова нијанса:


“Користењето на медова нијанса на руса коса е добро познат трик со кој се служат колористите кога сакаат визуелно да го поправат тонусот на кожата”. Освен тоа, фризерите често се служат и со контурирање. Оваа техника помага да ги истакнете најубавите делови од лицето – јагодиците, усните, очите и веѓите.

 

loading...