“За светот да спречи нуклеарна војна, земјите ќе мора да ја убедат Русија во една работа“ – постои ли оправдан страв од заканата на Владимир Путин !?

Постои мал, ако воопшто постои, ризик војната во Украина да доведе до нуклеарна ескалација – барем така велат официјалните лица од САД, а портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, на почетокот на оваа година изјави дека тие „немаат индикации“ дека Владимир Путин има намера да користи оружје за масовно уништување. 

За ова беше разговарано и во текот на годината, додека директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, кажа дека целта на „нуклеарната реторика“ на Владимир Путин е всушност да ги заплаши САД, европските сојузници и Украинците, пишува Питер Шредер, поранешен висок аналитичар во ЦИА и поранешен заменик на американското разузнавачко тело за Русија и Евроазија при Националниот разузнавачки совет.

На почетокот на војната во Украина постоеше страв од директен нуклеарен конфликт, но тоа е зад нас – сега војната е во таканаречен ќор-сокак. Сепак, некои Американци се загрижени дека Владимир Путин би можел да употреби некое нуклеарно оружје. Во една прилика, претседателот на САД, Џо Бајден, откри дека е „загрижен“ поради употребата на тактичко нуклеарно оружје од страна на Владимир Путин и дека ризикот од тоа е „реален“. Сепак, официјалните лица не веруваат дека војната во Украина може да ја поттикне Русија да го искористи својот нуклеарен арсенал против членка на НАТО.

„Тоа е грешка“, пишува Питер Шредер. 

Владимир Путин

Тешко дека рускиот лидер ќе употреби нуклеарно оружје во Украина, но многу е можно да го употреби против НАТО. Владимир Путин не се плаши од нуклеарна пресметка бидејќи е запознаен со можностите на рускиот нуклеарен арсенал и принципите на нуклеарно одвраќање. Дури и пред осум години, кога Русија го нападна Крим, Владимир Путин кажа дека е подготвен да ги стави руските нуклеарни сили во готовност за да го брани полуостровот од Запад.

Ако дојде до ескалација на војната, Владимир Путин ќе дејствува многу брзо – да им ја ускрати можноста на САД за соодветен маневар. Од нив ќе се очекува да се повлечат пред да започнат нуклеарен конфликт за земја што е толку далеку од дома. Значи, САД треба да реагираат – да ги соберат земјите, особено неутралните, да ја делегитимираат нуклеарната употреба и да го убедат Владимир Путин дека ќе згреши ако посегне по нуклеарно оружје.

Уште пред нападот на Украина, Русите спроведоа вежба за нуклеарен систем за лансирање, а поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев еднаш кажа дека Русија може да користи нуклеарно оружје за да стави крај на војната. Американските власти обрнаа внимание на сето ова, но се чини дека овие закани не ги сфатија толку сериозно. Тие замислуваат дека Москва може да користи мало, тактичко нуклеарно оружје на бојното поле, но не и големи таканаречени стратешки, особено против земјите на НАТО, пишува Питер Шредер. Тој, исто така, додава дека – кога Владимир Путин се осврнува на нуклеарниот арсенал – тој не се обидува да предупреди дека Русија може да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина. Тоа е аларм на кој американските власти треба да внимаваат.

Нуклеарното оружје би ѝ помогнало на Русија да го надмине ќор-сокакот, бидејќи украинските сили се добро вградени долж линијата на фронтот што се протега на речиси 1.000 километри. Ниту десетици ракети тактичко нуклеарно оружје не би биле доволни за Русија да се пробие, истакнува Питер Шредер. Исто така, тактичкото оружје веројатно нема да го принуди Киев да се предаде. Ваквите напади, се чини, би ја зајакнале желбата на Запад да и помогне на Украина. Нуклеарен напад, исто така, може да ги натера Кина и Индија – два од најважните меѓународни партнери на Кремљ – да го напуштат сојузот со Владимир Путин. 

Според тоа, Владимир Путин има многу малку да добие и многу да изгуби со користење на нуклеарно оружје.

Пронајдете не на следниве мрежи: