Мицкоски: Јас сум навикнат на омаловажување и навреди, но на крај победувам

По посетата на Гевгелија, премиерот Христијан Мицкоски даде изјава. Тој вели дека цел живот бил навредуван и омаловажуван.

Јас сум навикнат на омаловажување и навреди некако целиот мој живот е така проследен, но некако па секогаш на крај победувам. Ќе видиме како ќе биде во овој случај. Јас сакам ние како Балкански држави да ги следиме примерите на друг тип држави како што се Балтичките, Скандинавските па сите заедно со изградени мостови сложно, дружно да настапуваме на трети пазари пред официјалните лица во Европската унија. Низ секаде во светот да градиме една добрососедска политика – вели Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: