На брегот на Рајна пронајдено тело на девојче: Хорор во Германија, полицијата ги приведе родителите

Телото на 15-годишно девојче е пронајдено на брегот на Рајна во германскиот град Вормс.Телото било пронајдено во понеделникот околу 18 часот, пренесува Билд.Според медиумите, полицијата ги привела нејзините родители.,,Сомнежот е насочен и кај таткото (39) и кај мајката (34)“, соопштија од полицијата. Сите три лица се Авганистанци.Засега не се познати повеќе детали за смртта на девојчето.

Пронајдете не на следниве мрежи: