ОДЕВ СО ПУШКА, НЕПОТРЕБНО СЕ КРЕНА ПРАШИНА: 80-годишникот кој направи паника во Белград бил факултетски професор

Маж на околу 80 години вчера предизвика паника кога со пушка во рака излегол на булеварот Крал Александар во Белград, а како што дознава српски Курир, тој е професор во пензија! Граѓаните во паника веднаш повикале полиција, а вооружените специјалци со панцири набрзо влегле во зграда на Булеварот.

– Човекот е брзо пронајден, одземена му е пушката и било утврдено дека се работи за воздушна пушка за која нормално не е потребна дозвола, а која исто така била неупотреблива. Човекот рекол дека сакал да ја однесе пушката во полициска станица Звездара да ја предаде, бидејќи седела во неговиот стан и собирала прашина – вели извор за српски Курир.

Изворот додава дека човекот кој ги вознемирувал граѓаните е професор во пензија велејќи:

– Тој е инаку фин човек, не прави проблеми, живее сам. Работел на факултет, не знаеме од каде му текнало да излезе меѓу луѓе со таква пушка. Инаку, кога полицијата упадна во зградата се исплашивме бидејќи не знаевме за што се работи. Сето тоа изгледаше драматично, имаа панцири и оружје.

Како што рекле соседите, во овој дел од градот не е чудно да се види полиција, да се слушаат сирени и слично, но кога специјалците влетале во зградата со панцири луѓето претпоставиле дека нешто големо се случува.

– Тоа е нашиот сосед, човек од угледно семејство, има речиси осумдесет години, а е професор во пензија, многу паметен и културен човек. Се изненадивме кога слушнавме дека полицијата дошла кај него. Специјалците само рикаа низ зградата, сите во паника, но соседот потоа објасни дека поради некој нов закон отишол во полиција да го земе оружјето и дека еден од минувачите го пријавил – изјавиле соседите за Курир.

„Човекот со пушката“ им рекол „дека прашината се дигнала сосема непотребно и дека немал лоши намери“, вели соговорникот за српски Курир.

– Излезе некој нов закон, па отидов да го однесам оружјето во полиција. На некои им беше сомнително, луѓето го пријавија, но беше сосема непотребно, пушката седи таму во станот веќе 20 години, целосно неупотреблива. Но, доволно ми е возбуда за денеска, соседите ме знаат и знаат каков сум, нема потреба од драма – рекол човекот кој вчера во Белград се шеташесо пушка во рака.

Пронајдете не на следниве мрежи: