Парализа при спиење

Парализата при спиење е парализа поврзана со спиењето и може да се појави кај нормални субјекти или да биде поврзано со нарколепсија, катаплексија и халуцинации. Психолошката патологија на оваа состојба е тесно поврзана со нормалната хипотонија што се појавува во РЕМ фазата. Кога се смета за болест, парализата за време на спиење се класифицира како MeSH D020188. Некои докази сугерираат дека во некои случаи тоа може да биде симптом на мигрена.

Симптоми и карактеристики

Психолошки, парализата при спиење е тесно поврзана со РЕМ атонијата, парализа која што се појавува како природен дел од РЕМ спиењето/фазата. Парализара при спиење се појавува и при спиење и при будна состојба. Кога се случува по заспивањето, лицето останува свесно а телото е исклучено за РЕМ фазата и се нарекува хипнагошка или преддормитална парализа. Кога се случува по будењето, лицето се освестува пред РЕМ циклусот да заврши и тоа се нарекува пост-дормитална. Парализата може да трае од неколку секунди до неколку минути.во текот на кои лицето може да доживее панични симптоми. Како што покажува споредбата со РЕМ фазата, сеуште е можно да се случи мрдањето на очите за време на вакви епизоди. Кога има отсуство од нарколепсија, парализата при спиење се нарекува изолирана парализа при спиење. (ISP). Парализата може да биде придружена и од страшни халуцинации и привремено чувство на опасност. Парализата е особено застрашувачка поради реалистичноста на таквите халуцинации. Елементот на халуцинација кај парализата при спиење уште повеќе наведува лицето да го интерпретира искуството како сон затоа што замислените или објектите од сонот можат да се појават во собата во нормалниот видик на лицето. Одредени научници сметаат дека оваа состојба е објаснување за вонземските опседнувања и средби со духови. Студијата на Сузан Блекмур (Susan Blackmore) и Маркус Кокс (Marcus Cox) на универзитет во Западна Англија ја поддржува претпоставката дека изјавите за вонземски опседнувања се поврзани со парализа при спиење, а не со привремена мозочна лабилност.

Можни причинители

Неколку студии заклучија дека скоро сите луѓе доживуваат парализа при спиење најмалку еднаш или двапати во животот. Студијата спроведена од страна на Sedaghat F. et al. Ја истражуваше распространетоста на парализата при спиење кај иранските студенти по медицина. 24.1% од студентите доживеале парализа при спиење барем еднаш во нивниот живот. Истиот резултат се покажа и кај студентите во Јапонија, Нигерија, Кувајт, Судан и Америка. Многу луѓе кои вообичаено доживуваат парализа при спиење, исто така страдаат и од нарколепсија. Панични нарушувања заедно со парализа при спиење почесто се појавуваат ка Афро-американците отколку кај кавкаските американци. Некои извештаи велат дека одредени фактори ја зголемуваат склоноста кон парализа и халуцинации, како што се:

  • Спиење со лицето нагоре или легнати на плеќи
  • Зголемен стрес
  • Нагли промени на околината или начинот на живот
  • Луциден сон што непосредно се случил пред епизодата.
  • Претерано користење на алкохол и недостаток од соодветно спиење.

Лекување

Лекувањето започнува со образување на пациентот за фазите на спиење и за мускуларната атонија која што е типична за РЕМ фазата. Се препорачува пациентите да бидат прегледани за нарколепсија ако има симптоми.

Поврзани појави

Многуте сфаќања во врска со парализата при спиење (чуство на зуење, гласни звуци, вознемирена ментална состојба, духови и самата парализа) исто така ја сочинуваат вообичаената фаза во ран напредок на епизоди за кои се смета дека се вон-телесни искуства. Менталното фокусирање варира меѓу две состојби: лицата кои страдаат од парализа при спиење се трудат да се фокусираат на повторно воспоставување на функциите на телото, додека субјектите кои имаат вон-телесни искуства се повеќе преокупирани од осознавање на несоодветноста со телото. Фолклор

Оригиналната дефиниција за парализата при спиење беше кодифицирана од страна на Д-р Семјуел Џонсон во неговиот „Речник на англискиот јазик“ како “nightmare,” (ноќна мора), термин кој се вклучи во нашата модерна дефиниција. Во светот се сметало дека ваквите парализирања при спиење се демонско дело или поточно инкубус (incubi), за кои се сметало дека седат на градите на оној кој спие. Во стариот англиски јазик името за овие суштества е mare или mære (од прагерманскиот *marōn, или старонордискиот поим mara), и така mare станува дел од nightmare. Зборот етимолошки може да се препознае и во Елинискиот Marōn (во Одисеја) и Māra во Санскрит.

Народното верување во Њуфаундленд, Јужна Калифорнија и Грузија опишуваат негативна фигура на Hag која ноќе го напуштала нејзиното физичко тело и седнувала на градите на нејзините жртви. Вообичаено, жртвата се буди со чувство на терор, течко диши поради чувството на тежок невидлив товар на неговите или нејзините гради и не е во можност да мрда, на пр. Доживува парализа при спиење. Ова ноќно доживување е опишано како “хаг да ве јава” во гула фоклорот. “Старата Хаг” е страшен ноќен дух во Британскиот и исто така во англофонскиот северно-американски фолклор. Во Фиџи, ова искуство се интерпретира како “kana tevoro” – да се биде ‘изеден’ или опседнат од демон. Во многу случаи демонот може да биде дух на неодамна починат роднина кој се вртил да доврши некоја недовршена работа, или пак дошол да им пренесе важни информации на живите. Често луѓето кои што спијат до опседнатото лице велат “kania, kania” (јади! јади!) со цел да ја продолжат опседнатоста за да имаат можност да разговараат со мртвиот роднина или духот и да бараат одговори за тоа зошто тој или таа се вратиле. Кога лицето кое се буди од такво искуство, често се бара од него веднаш да да го проколне или да го избрка духот на мртвиот роднина и тоа некогаш вклучува буквално обраќање кон духот велејќи му/и да си оди. Во Нигерија, “Изолираната парализа при спиење е повообичаена и се повторува кај луѓето од афричко потекло отколку кај белите или Нигериски Африканци ” и афричките заедници често ја опишуваат оваа состојба како “Ѓаволот на вашиот грб”.

Во деветнаесетиот век во Европа, различниот начин на исхрана се смета за одговорен за оваа појава. На пример, во Божиќната приказна на Чарлс Дикенс (Charles Dickens A Christmas Carol) главниот лик, Ибенезер Скруџ (Ebenezer Scrooge) го опишува духот што го гледа како “…несварено парче говедско месо, дамка од сенф, трошка сирење, дел од недопечен компир…” На сличен начин, Здружението Циклопедија (Household Cyclopedia (1881)), ги нуди следниве совети за кошмари:

“Да се посвети големо внимание на редовноста и изборот на исхрана. Неумереност во исхраната од секаков вид е штетна, но најштетно од се е лошото вино. Од храната, најштетни се мрсните меса и тестенините. Умереното вежбање во голем степен помага во варењето на храната и превенира надуеност. Оние пак кои што мораат професијата ги приморува да седат, треба особена да избегнуваат ментална или физичка работа веднаш по јадењето… Легнување пред вообичаеното време е честа причина за кошмари, без разлика дали лицето спие предолго во текот на ноќта или долго лежи буден. Минењето на цела или дел од ноќта без одмор, во секој случај резултира со болест која се одрзува на пациентот со мирен сон следната ноќ. Заспивањето доцна наутро е сигурен начин да се доживее криза, и колку почесто таа се повторува, добива поголема сила. Желбата за спиење во овој момент е речиси неодолива.”

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.