Истрагата ја ослободи Клинтон за одговорност за нападот во Бенгази

Loading...

Официјалната истрага за смртоносниот напад врз американскиот конзулат во либискиот град Бенгази од 11-ти септември годинава, заклучи дека државната секретарка Хилари Клинтон не е одговорна за грешките, иако се истакнува дека имало многу пропуст во нејзиното министерство.

Во верзијата од извештајот која инаку не е доверлива, којашто Стејт департментот ја објави, се оценува дека мисијата била целосно неподготвена за напад каков што се одигра на 11-ти септември 2012 година, во кој загина американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс и уште тројца припадници на тајните служби во американската дипломатска мисија.
Американските медиуми дознаваат дека извештајот содржи забелешка оти раководството на Стејт департментот го игнорирало барањето за зголемување на бројноста на обезбедувањето, како и засилени безбедносни мерки за дипломатската мисија на САД во Либија, што било главната причина за убиството на амбасадорот Стивенс и тројцата Американци.
Во четвртокот, на Сенатот се одржа сослушувања на кои челниците на Стејт департментот пред пратениците ќе дадат отчет за своите активности пред и за време на нападот. Расправата ќе се одржи зад затворени врати, а главниот дел од извештајот, исто така е класифициран, но од фрагменти дојдени во рацете на некои американски медиуми станува јасно дека одговорноста за смртта на амбасадорот комисија целосно ја префрла врз раководството на дипломатијата на САД.

„Во дипломатското претставништво (американскиот конзулат во Бенгази) се забележувал недостиг од припадници на службата за безбедност … Стејт департментот во организација на обезбедувањето на конзуларниот комплекс се потпирал на моќта на локалните тела за спроведување на законот, чијашто ефективноста не била проверена и потврдена … Стејт департментот ги игнорирал барањата (на амбасадата во Либија) да се зголеми бројноста на обезбедувањето на конзулатот и подобрување на безбедносната инфраструктура. Министерството претпочитало да презема мерки по прием на информации за потврдени закани, несакајќи постојано да ја подобрува процедурата за подобрување на безбедноснта“, цитира телевизиската мрежа Fox News извадоци од извештајот. Исто така, според документот, неколку управи на Стејт департментот се обвинети за несоодветно планирање и лоша координација на мерките за безбедност. Голем број функционери од централниот апарат на Стејт Департментот се обвинет за ненадлежно квалитетна работа. Нивните имиња не се споменуваат.
Одговорноста на безбедносните пропусти во Бенгази се на пониско ниво од командниот синџир во Стејт департментот, изјави пензионираниот амбасадор Томас Пикеринг кој ја водеше истрагата.
„Утврдивме дека одговорноста на ниво на помошник на секретарката коешто, според нашето мнение, е вистинското место да се бара каде точно се носат одлуки“, изјави Пикеринг по состанокот на членовите на конгресните комисии одржан зад затворени врати.
Заменикот помошник на државната секретарка во канцеларијата за блискоисточна политика поднесе оставка по извештајот, изјавил извор од Конгресот за Reuters.
Американските медиуми пишуваат и за други оставки, па така и за оставките на Ерик Босвел, помошник на државната секретарка за безбедност на дипломатскиот персонал, еден од неговите заменици и уште еден функционер.
Извештајот и изјавите на двајцата водечки негови автори укажуваат дека државната секретарка Хилари Клинтон, која веќе ја прифати одговорноста за инцидентот, нема лично да биде сметана виновна.
„Државната секретарка беше многу јасна за преземањето на одговорноста, што од мој аспект не е разборито имајќи предвид дека таа имала одредено ниво на сознанија“, рече пензионираниот адмирал Мајкл Малин, поранешен началник Здружениот штаб на американската армија и втор раководител на истрагата.

Макфакс

loading...