3 хит модели на патики за оваа есен: Совршен избор за најпопуларните панталони на сезоната

Последните неколку модни сезони јасно покажаа дека е време барем некој период да се збогуваме со тесните фармерки. Дефинитивен тренд се панталоните со широки ногавици, а такви модели претставија бројни модни брендови во своите најнови колекции.
Сепак, панталоните со поширок крој бараат и промена на обувки, а овие 3 модели на патики совршено ќе одговараат со нив!


Платнени патики
Класичните модели на патики, како вечните старки, многу често „ѕиркаат“ под ногавиците на широките панталони. Се прашувате зошто? Бидејќи патиките од платно датираат од 90-тите години, од времето кога исто така владееја моделите на панталони со широки ногавици, па така овие два модели совршено се надополнуваат. Комбинацијата ќе биде многу тренди ако се одлучите за високи модели на патики, како и за оние модели со подебел ѓон. Имено, токму таквите патики се одлични ако вашите панталони се малку подолги.

Бели ретро патики
Класичните бели патики се секогаш добар избор, дури и под широки панталони. Особено е ефектна комбинацијата на светли патики и панталони во светла нијанса, како валкано бела. Крајниот резултат ќе биде неверојатно шик. Покрај белите, „испрани“ панталони, со ваквиот модел на патики одлично ќе прилегаат и панталони во светлосина боја.
Спортски патики


Ниту еден модел на патики оваа есен не е толку популарен кај Инстаграм инфлуенсерките како спортските, „гломазни“ патики, а љубителите на модата најчесто посегнуваат по сивите модели или пак оние со сиви детали. Изгледаат одлично со панталони со широки ногавици бидејќи на целата комбинација ѝ даваат истовремено модерен и спортски изглед. Покрај тоа, ако изберете кожни широки панталони во светли бои, ваквата комбинација ќе добие елегантен призвук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.