Технологијата може да им помогне на студентите да најдат практика

Македонскиот интернет ресурс Elancer.mk е дизајниран за да им помогне на студентите во остварувањето на задолжителната практична работа, при што секој студент, кој има нешто вистинско да понуди на пазарот на услуги, за брзо време ќе се оддели од останатите, на еден реален и транспарентен начин.

На www.elancer.mk може да се објавуваат физички услуги (продажба на терен, реновирање и сл.) како и електронски услуги (преведување, програмирање, дизајнирање), односно услуги кои можат да се достават преку интернет. Бидејќи трендовите покажуваат дека електронските услуги се повеќе доминираат, и студентите во сé поголема мера се ангажираат и ја извршуваат практиката од дома, односно ја доставуваат услугата преку компјутер, се очекува користењето на електронските услуги во значителна мера да ги надмине физичките.

Целиот концепт на соработка меѓу тој што бара работа и тој што нуди, не претставува новина во светот, но претставува новост во нашата држава. Бидејќи секое физичко или правно лице кое има потреба од каква и да е услуга, ќе може да објави проект на којшто другите физички или правни лица ќе можат да аплицираат на еден транспарентен и интуитивен начин.

Моментално на elancer.mk се регистрирани 750 корисници, од кои 500 од нив се „Понудувачи” (односно физички и правни лица кои ги доставуваат услугите) со најразлични профили. Секако дека доминираат профили од типот на дизајнери, програмери, преведувачи и лица од областа на аудио и видео продукција, но не се исклучени и „физичките” Понудувачи како монтажери и инженери. Другите корисници се Нарачателите, односно тие кои што нудат работа.

Elancer.mk е конципирана, уште од самиот старт, со цел да им помогне на студентите. Бидејќи секој студент, секоја година, мора еден месец да остварува практика, ќе има голем простор за електронските услуги да го заземат своето место. Меѓу најкорисните алатки на овој проект, претставуваат online chat-от, електронските нотификации, филтерите по локација, портфолијата и начинот на аплицирање.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: