Научно е докажано дека ни се зголемува самодовербата, само со тоа што сме дотерани. Едноставно се однесуваме поинаку, се движиме поинаку и така натаму. Затоа е добро секој ден да сте дотерани. Ова не значи дека треба да имате полн гардеробер со дизајнерски парчиња и скапа облека. Треба да знаете убаво да ја комбинирате облеката и да го пронајдете стилот кој вас ви ја зголемува самодовербата. Ова се 7 причини зошто треба да изгледате убаво секој ден.
- Кога сте убаво облечени ви се подобрува расположението.
- Оставате подобар впечаток кај другите.
- Никогаш не знаете на кого ќе налетате. Зарем не посакувате да изгледате најдобро што можете?
- Животот е прекраток за да носите досадна облека. Внесете живост во вашиот стил.
- Самодоверба. Кога изгледате убаво, така и се чувствувате.
- Облеката е начин на самоизразување. Изразете се преку вашиот стил.
- Со помош на облеката можете да ги истакнете вашите најдобри атрибути.