Членови на интернационалното жири кое ќе ги вреднува достигнувањата на кинематограферите на филмовите во Главната програма „КАМЕРА 300“

Членови на интернационалното жири  кое ќе ги вреднува достигнувањата на кинематограферите на филмовите во Главната програма „КАМЕРА 300“се:Федон Папамихаил, кинематографер и режисер – претседател (САД)
По потекло од Грција, живее и работи во САД, каде го поканил Џон Касаветес, негов братучед и подоцнежен соработник. Тој се преселил во Лос Анџелес  во раните осумдесетти години и ја започнал кариерата како кинематографер.  Федон Папмихаил, како кинематографер потпишува  40 играни филмови, вклучувајќи ги и раните хитови како ДОДЕКА ТИ СПИЕШЕ, РЕГЕ НА МРАЗ и ФЕНОМЕН, сите режирани од Џон Тртлтауб.
Потпишал многу филмови кои критиката високо ги вреднуваше како ОПУШТЕНИ ХЕРОИ (Извесен поглед, Кан, 1995, режија. Дајан Китон) и ОТКАЧИ ГИ ЅВЕЗДИТЕ,   во режија на Ник Касаветес; ХОТЕЛ ОД МИЛИОН ДОЛАРИ (2000) на Вим Вендерс ја доби Наградата на жирито и Сребрената мечка на Берлинале, како и Златната Камера.
27 ИСЧЕЗНАТИ БАКНЕЖИ од режисерката номинирана за Оскар, Нана Џорџаџе му ја донесе Наградата „Визија“ на Кодак за најдобра камера.
Во 2001 година,  го снимил номинираниот за Оскар ФАЌАЊЕ КРИВИНА (Оскар за најдобро сценарио, режија Александар Пејн). Неговите успеси продолжуваат со вестернот номиниран за Оскар 3:10 ДО ЈУМА, на Џејмс Менголд и блокбастерот ПОТРАГА ПО СРЕЌА.
Во 2008 година го потпишал БУШ на Оливер Стоун и повторно работел со Манголд на ВИТЕЗ И ДЕН. Потоа снимил два од најнаградуваните филмови за 2011 година: ПОТОМЦИТЕ на Александар Пејн, и МАРТОВСКИ ИДИ на Џорџ Клуни.
За неговото фантастично кадрирање на високо оценетиот од критиката НЕБРАСКА на Александар Пејн (6 номинации за Оскар), Папамихаил добил номинација за Оскар, БАФТА и наградата на СДК, освојувајќи ја и наградата на БДК меѓу другите признанија.
Неговите најнови филмови се: МОНУМЕНТАЛИСТИ (2014), ЛОВЕЦОТ: ЗИМСКА ВОЈНА (2016) и моментално работи на новиот филм на Мејн НАМАЛУВАЊЕ НА РАБОТНА СИЛА. Рано во својата кариера, Федон го режирал и снимил филмот ТЕМНАТА СТРАНА НА ГЕНИЈОТ (1993) а пред тоа само го снимил ИЛУСТРАТОРОТ (1991). Се вратил на режијата во 2007 година, со ОД ВНАТРЕ, а во 2016 година го сними краткиот филм УБАВ ДЕН.
Клер Пијман, Кинаметограферка, режисерка – член (Холандија)
Студирала и дипломирала филмска камера (1986-1990) на Холандската академија за телевизија и филм во Амстердам. Го смета Роби Милер за свој ментор и најважна инсприација, со оглед на тоа што од него многу научила за кинематографијата. Била една од снимателките (камера-оператори) на Милер на BUENA VISTA SOCIAL CLUB, на Вим Вендерс што било почеток на долготрајно пријателство и менторство. Покрај работата како кинематограферка, исто така ги режира и снима своите документарци. ОТПЕЧАТОК НА МЕСЕЧИНАТА (1999) е краток документарец што Клер го направи на снимањето на ТАНЧЕРКА ВО МРАКОТ за Роби како директор на фотографија, еден извонреден потфат, затоа што некои од сцените се снимани со стотина мали камера одеднаш, носејќи не’зад сцените. Исто така ги снимила играните ЏЕРМАЛ (целосно снимен на риболовниот полигон на среде море во близина на индонезискиот остров Суматра), ДОБРО УТРО КАРАЧИ и ЧОТЕЈ ШАХ. Во моментов работа на долгометражниот документарец за Роби и неговата работа, а била и соработничка на големата изложба на негови дела во Музејот на филмот „EYE“  во Амстердам, за која ги направила интервјуата со најважните режисери во кариерата на Роби: Вим Вендерс, Ларс фон Трир, Џим Џармуш и Стив Мекквин, а и ја уредила приватната архива на Роби Милер.
Алин ТАШЧИЈАН Филмска критичарка и публицистка – член (Турција)  
Дипломирала новинарство и односи со јавност на Универзитетот во Истанбул, во 1991 година. Почнала да работи за списанието „Milliyet Art Review“ и дневниот весник „Milliyet daily“. Во текот на своето шеснаесетгодишно работење за оваа медиумска групација, работела како дописничка, филмска критичарка и уредничката на ревијата за уметност. Во меѓувреме, направила различни филмски програми за каналот за култура на турското радио и телевизија ТРТ 2, вклучувајќи ја и „Магијата на филмот“ каде се прикажале повеќе од 500 класични филмови во текот на 10 години.  Од 2007 до 2012 година ја селектирала програмата „Рибон“ за тематски филмови на телевизијата  „24“. Од 2008 до 2015 работела како филмска критичарка и колумнистка за дневниот весник „Стар“.
Ташчијан работела како советничка или селекторка за сите поголеми филмски фестивали во Турција. Била членка на жири на многу домашни и меѓународни филмски фестивали. Членка е на ЕФА – Европската филмска академија.
По исклучително успешниот прв мандат, на овогодишното  Генерално собрани на ФИПРЕСЦИ, на Филмскиот фестивал во Бари, беше едногласно реизбрана и во моментов е старо-нова претседателка на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ.
Ѓокан ТИРЈАКИ, кинематографер – член (Турција)
Роден во Инстанбул, Турција, 1972 година, работел во националната телвизиска станица TNT и бил дел од продукцијата на ТВ филмови и документарци. Од 1996 година, започнал да работи како кинематографер. Преку работата во тандем со водечкиот турски режисер Нури Билге Џејлан станува светски признат и наградуван кинематографер на многу меѓународни фестивали. Нивниот најголем заеднички успех е Златната палма на Канскиот филмски фестивал за филмот ЗИМСКИ СОН.
Како кинематографер, претходно учествувал во Главната конкуренција на „Браќа Манаки“ со филмовите: ТРИ МАЈМУНИ (2008, на 29 издание, кога ја доби Специјалната награда на Мосфилм и Специјалното признание на Главното жири), БЕШЕ ЕДНАШ ВО АНАДОЛИЈА (2011 година, на 32 издание).
Во 2015 година ја добива СИЈАД, Награда за најдобра камера на Турското здружение на филмски критичари за ЗИМСКИ СОН; 2014 година, СИЈАД Награда за најдобра камера на Турското здружение на филмски критичари за СОНОТ НА ПЕПЕРУТКАТА; 2012 година, Награда за најдобра камера на Интернационалиот фестивал во Дурбан, Јужна Африка со БЕШЕ ЕДНАШ ВО АНАДОЛИЈА; 2012, Награда за најдобра камера на Дејли хафвеј авордс, САД, за БЕШЕ ЕДНАШ ВО АНАДОЛИЈА и други.
 
Владимир САМОИЛОВСКИ, Кинематографер – член (Република Македонија)
Роден е во Скопје во 1953. Еден од најдобрите македонски кинематографери од средната генерација со завидни резултати, а среќната околност во кариерата и усовршувањето му произлегува од тоа што се калеше во крилото на неговиот татко од ветеранската основоположничка генерација, кинематограферот – Мишо Самоиловски, во чии филмови, како млад, беше ангажиран како снимател/camera operator. Значи, од 1976 работи во продуцентската куќа Вардар Филм, најнапред како асистент-снимател, а потоа и како снимател швенкер. Така од позначајните филмови во кои бил асистент снимател, се: СРЕЌНА НОВА (1978), ОЛОВНА БРИГАДА (1980), ВРЕМЕ ВОДИ (1980), а снимател бил во филмовите: ХАЈ-ФАЈ (1987) и ТЕТОВИРАЊЕ (1991). Како самостоен кинематографер дебитира со целовечерниот игран филм МАКЕДОНСКА САГА во 1993, за кој на 14-от фестивал Браќа Манаки беше добитник на наградата за најдобар дебитант, како и Бронзената Камера 300 од Интернационалното жири. Досега како кинематографер има 17 кредитси/credits , од кои една третина кратки и другите долгометражни играни филмови. ФИЛОМГРАФИЈА (селектирана): СВЕТЛО СИВО (1993, приказната “Ѓавол во срцето”); АНГЕЛИ НА ОТПАД (1995); ДОВИДУВАЊЕ НА 20-ОТ ВЕК (1998); РАДОСТ НА ЖИВОТОТ (2001, документарен); ВЕТА (2001, краток); ИЛУЗИЈА (2004); МАЈКИ (2010); ТАТКО /MY FATHER (2013); ЏГАН/AMOK (2016).Федон Папамихаил, кинематографер и режисер – претседател (САД)
По потекло од Грција, живее и работи во САД, каде го пок

Пронајдете не на следниве мрежи: