Фото: „ВИ ВИСИ“ горниот дел од рацете? Со овие вежби ќе имате раце од соништата

Дали ве нервира горниот дел од рацете кој „виси“ додека мафтате некому? Ако да, овде имате неколку вежби со кои ќе може да го корегирате тоа, и да добиете цврсти раце какви од секогаш сте посакувале.Како старееме кожата станува „лабава“ и ја губи својата еластичност.
За да ги заштитите вашите раце од појава на кожа која виси, ви претставуваме неколку вежби кои можете да ги направите дома.
1. Трицепс

Се што ви е потребно за оваа вежба е столче. Ставете ги рацете на столчето, нозете потпрете ги на земја со петата и грбот држете го блиску до столчето. Спуштајте се надолу се додека вашите раце не достигнат агол од 90 степени. Повторувајте ја оваа вежба од 10 – 15 пати.
2. Склекови

Ставете ги рацете на земја во согласност со вашите рамена, нозете подраширете ги. Спуштајте се надолу па нагоре. Доколку ви е тешка за изведување оваа вежба заменете ја со малку поедноставна. Ставете ги колената на земја прекрстете ги нозете и изведувајте ги склековите (горниот дел од телото останува непроменет).Повторувајте ја оваа вежба од 10 – 15 пати.
3. Склекови на една рака

Ставете ја левата рака на десната страна од грбот. И правете склекови. Повторете 10 пати и сменете ја другата рака.

 
4. Трицепс со удар наназад

Застанете на земја, горниот дел од телото наведнете го нанапред и рацете свиткајте ги под агол од 90 степени. Туркајте од себе наназад, како што е покажано на фотографијата. Почувствувајте како товарот е на трицепсот па вратете ја раката во првобитна положба. Повторете 3 серии од 8-10 вежби.
5. Трицепс екстензија

Застанете со малку подраширени нозе. Исприжете ги рацете над главата па спуштајте ги наназад со тег тежок 1-2 кг. Повторете ја вежбата 15 пати.
6. Наведнете се надолу

Малку раширете ги нозете, во обем на вашите рамена, и свиткајте ги колениците. Горниот дел од телото наведнете го нанапрад. Земете тег и кревајте го нагоре, ќе почувствувате товар на трицепсот. Повторете ја оваа вежба 15 пати.  Како старееме кожата станува „лабава“ и ја губи својата еластичност.
За да ги заштитите вашите раце од појава на кожа која виси

Пронајдете не на следниве мрежи: