Грците не ги трпат Словените во дометот на својата народност, бидејќи се плашат од „словенската поплава“

ПРЕТСТАВНИКОТ НА СРБИЈА ВО АТИНА , С.ГРУЈИЌ, ДО ПРЕМИЕРОТ И МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ  РАБОТИ, МИЛУТИН ГАРАШАНИН, ЗА АКТИВНОСТА НА ГРЧКАТА И БУГАРСКАТА ПРОПАГАНДА ВО МАКЕДОНИЈА И ПРЕДЛОЗИ ЗА ШИРЕЊЕ НА СРПСКАТА ПРОПАГАНДАПРЕТСТАВНИКОТ НА СРБИЈА ВО АТИНА , С.ГРУЈИЌ, ДО ПРЕМИЕРОТ И МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ  РАБОТИ, МИЛУТИН ГАРАШАНИН, ЗА АКТИВНОСТА НА ГРЧКАТА И БУГАРСКАТА ПРОПАГАНДА ВО МАКЕДОНИЈА И ПРЕДЛОЗИ ЗА ШИРЕЊЕ НА СРПСКАТА ПРОПАГАНДА
(Атина, 29 март 1885 година)
„Господине Министре,
До лани празнувањето на Благовест како годишнина на грчкото востание и ослободување се состоеше обично во воена парада и црквени и дворски свечености;…бидејќи на спомените за ослободувањето на Елада им се придружија спомените за сеуште неослободените грчки покраини, во кои после Епир на прво мес-то меѓу нив е Македонија. Македонија сега најмногу ги интересира умовите во Грција, и за тоа што говорат и творат Грците на таа сметка имам чест во ова писмо кратко да Ви из-ложам.
Откако Бугарите во Кнежевството и Автономната Провинција почнаа на разни митинзи да ги донесуваат познатите одлуки против угнетувањето на Македонците од страна на турската администрација па на тој начин сакаа да се манифестираат како природен сојузник на овие пред Европа, од тогаш и во Грција почнаа во различен вид да протестираат против таквите бугарски претензии. Особено Грците  ги дразнеше познатата  публикација на Лавелеј, во која говорејќи за населението во Македонија, тврдеше дека таму Словените превагнуваат над останатите  народности. Против тој публицист прво протестираа неколку тукашни  Македонци на еден незнатен  собир, и тој протест написмено го предале на тукашните акредитирани претставници на големите сили. Овој протест природно, помина без последици, бидејќи ниту поводот ниту содржината имаше смисла. Лавелеј е приватна личност и дипломатијата не може да го зема за одговор, што тој има подруго мислење за етнографијата на Македонија, а второ Македонија е турска провинција и затоа туѓото заземање за неа не може да се смета за легитимно… Меѓутоа сите тукашни весници долго не замолчаа, сипајќи остри напади на белгискиот публицист и тврдејќи – природно без важни докази дека Грците во Македонија се мнозинство итн.  За трајно дејствување во корист на Македонија тука се основаат во исто време од тукашните Грци (во мнозинството се приврзеници и скупштинари) македонски комитети.
…Овде говорат, протестираат и демонстрираат во корист на Македонија  како што реков, Грците отпочнаа откако видоа дека и другите соперници почнаа да се интересираат за судбината на Македонците. Но, во ова не се состои целокупното нивно дејствување на ширењето и јакнењето на елинизмот во провинциите што се под власта на Турција; ефективното дејство во одржувањето на нивната националност во Турција е многу постаро и многи посериозно и потоа и попродуктивно отколку што се бугарските митинзи. Оваа активност се врши  и по приватните и по официјалните патишта; приватно со успех се врши особено од страна на “Друштвото за распространување на грчката писменост” – друштво со значаен капитал (преку 400.000 дин.) и редовна годишна државна субвенција. На ова Друштво особено целта му е, кај народот да распростира полезни книги, кое самото ги издава; да отвора школи и овие (да ги обезбедува) со книги и учители, ова особено го врши во покраините под Турција. Во патиштата за приватна пропаганда доаѓа непрекинатото духовно комуницирање на Грција со спом-натите покраини: средните и вишите школи доста се посетени од грчката младина во Турција, особено атинскиот медицински факултет и богословијата секоја година прима на воспитување значаен број на младинци оттаму; а веќе подготвените во тат-ковината ги упатуваат.
Официјалните патишта, по кои Грција дејствува на негувањето на својата народност во Турција се: Цариградската патријаршија и нејзините многубројни конзулати. Патријаршијата сеуште е силна со својот авторитет и поддршка од богатите и влијателни (врз самите турски кругови) но Цариградската грчка општина ништо важно не презема без прашање на атинската влада од која добива субвенција и упатства. Последното антибугарско движење во Македонија, кое го исценираа грчките владици со подрачниот клир, не беше без знаење, а можби и по порачка на овдешната влада. Грција повеќе од политички отколку од трговски сметки издржува во самиот Епир и во Македонија 16 конзулати; таму нема поважно место каде што нема грчки официјален претставник; почнувајќи од границата на Кралството тие се во 2-3 линии ешалонирани кон север како што се разместува војската според стратегискиот план; крајните политички цели им се во Драч, Елбасан, Битола и Серез, но пред оваа аванпосна линија сфератата на елиниз(аторите) се протега на север до устието на нашата железница во долината на Вардар и до Крива Паланка. Имајќи ја оваа мрежа на конзулати, владата може корисната употреба да ја прави од главниот кредит (преку половина милион) кој со катагодишниот буџет им се става на располагање за целите на пропагандата.
Денес грчката народност во борбата против “славизмот” воопшто и бугаризмот одделно во Македонија ги има на услуга хиерархијата, школите, хеќимите и конзулатите.
Во ова народносно натпреварување Бугарите навистина немаат вакви средства како Грците, но го имаат својот егзархат, кој работи да ја парализира силата на патријаршијата во Македонија; ги имаат своите фанатични  и материјално добро снабдени комитети и ја поддржуваат исто така опширно духовната комуникација со таа провинција, што во своите школи (машки и женски) примаат на воспитување знатен број на македонски деца, уште повеќе во софиската воена академија имаше секогаш по 20-30 турски поданици, кои станувајќи офицери во војската уште повеќе ги развиваа завојувачките стремежи во правец кон нивната татковина. Значаен број Македонци доброволци кои после војната останаа во Бугарија, тука се побугарија и ревносно им служат на апостолите на бугаризмот во својата неослободена татковина.
Кога ќе имаме предвид што Бугарите и што Грците (работат) за пропагирање на својата народност во Турција, тогаш не можеме да не ја увидиме оваа опасност која иж се заканува на нашата незаштитена народност и на нашите државни интереси. За да во ова народносно натпреварување не бидеме уште повеќе оштетени, потребно е и кај нас содејство на општеството и државата. Митинзите  што за таа цел се држат во Србија не можат да останат без значење; крајно време е јавното мислење во Србија да го крене својот глас против безобзирните претензии на Бугарите. Тој глас потребно е да го чујат и нашите пријатели Грците, кои во својот патриотски занес не би сакале да видат други народности во Македонија, освен елинската. Резолуциите на тие српски митинзи грчкиот печат во целост ги препечатуваше без коментари, молчејќи ги земаше на знаење.
Грците не ги трпат Словените во дометот на својата народност, бидејќи се плашат од “словенската поплава”, но ако мораат да се приклонат и да принзаат дека во Македонија Словените живеат во знатен број, тоа порадо тие Словени ќе ги сметаат за Срби, отколку за Бугари.
Меѓутоа, најновите изјави на српските митинзи, со кои целата Србија сочувствува, во своето значење се ограничуваат на опомена на соперничките народности. Нужно е уште и народот во стара Србија и Македонија да знае и да почувствува, дека Србија се интересира за него и дека работи и се грижи за олеснување на неговата судбина. Но таму ние ја немаме на услуга ни Патријаршијата, ни егзархатот ниту конзулатите, и затоа секое наше дејство за одржување на нашата народност е (безмалку) од платонска природа.  
Познати ми се грижите на високата Кралска влада, со Турција да заклучи конзуларна конвенција како и причините зошто во тоа не се успеа. Портата сигурно и понатаму ќе се држи до одредбите на берлинскиот договор и ќе настојува прво на Срби-ја да иж признае ползување на капитулациите еднакво со останатите држави. Но, имајќи ја во вид оваа  сеж повеќе развивачка народносна борба во стара Србија и Македонија, како и претстоечкото  отворање на нашиот промет кон Солун, на име на потребите на конзулатите, така стана неодолива, што овие според моето пристојно мислење часкум треба да се отворат макар и без права јурисдикција. Јас ова мислење пред моето поаѓање му го искажав на Г. Пироќанец и сега го повторувам, бидејќи сум длабоко убеден дека на овој начин без било какви официјални застапници во нашите покраини под Турција нашите интереси уште повеќе ќе страдаат. Нивното дејствување особено сега би можело да биде благодетно додека во тие краишта патријаршијата го спречува напливот на егзархатот и додека Бугарија како вазална не може да има никакви свои конзулати. Заправо можеме да отвориме свој кон-зулат во секое место каде нашите интереси тоа го бараат, безопасно е таквото право да иж се признае и на Турција. Ние тогаш по примерот на Грците (со посредство) на своите конзулати би ја зафатиле политичката база во Стара Србија и би ги истакнале своите политички цели во Македонија до самата аванпосна грчка линија. Со тоа би ја обележиле сферата на својата културна акција, која кон југ (би одела) додека не би дошла во допир со грчката. (Меѓата меѓу едната и другата сфера би била етногра(ф)ската граница на словен(скиот) српски елемент со грчкиот кој треба да се проучи и која според Ки-перт би одела јужно од езерото Преспа). Бугарската сфера би морала да се повлече односно да се спречи до Струма.
(Имајќи ја) Во вид важноста на настаните кои се случуваат во Македонија и околу неа, и кои за нас како во народносен така и во државен поглед се од мошне големо значење, си дозволив слобода, г-не Министре, во ова писмо да го обележам сето она, што ми се чини дека е важно во тие случувања, и тука своето мислење да го искажам. Демонстрации за демонстрации, и дела за дела!
Примете, Г-не Министре, уверување за моето одлично почитување.
С. Грујиќ”
-Архив Србије- Београд, МИД, ПО ф:III, досије III, Пов. бр. 197/1885;
-Архив Србије-Архив на Македонија, Граѓа за историјата на македонскиот народ
-Од  Архивот на Србија,(ред. Климент Џамбазовски),  т.IV, кн.I
(1879-1885), Београд 1985, док. 161, стр. 270- 274,ПРЕТСТАВНИКОТ НА СРБИЈА ВО АТИНА , С.ГРУЈИЌ, ДО ПРЕМИЕРОТ И МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ  РАБОТИ, МИЛУТИН ГАРАШАНИН, ЗА АКТИВНОСТА НА ГРЧКАТА И БУ

Пронајдете не на следниве мрежи: