ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Симпатичен превод на писмо со цртежи!

Бидејќи не знаела да пишува, една жена на сопругот му го соопштила сето она што сакала да му го каже преку писмо со цртежи. Жената е мајка на три деца, а нејзиниот сопруг работи во Германија.Прочитајте го преводот на писмото:
„Љубов моја, моето срце е тажно бидејќи постојано мислам на тебе, а ти си далеку. Те прегрнувам, заедно со нашите три деца. Јас и постарите деца сме здрави, а најмалото е малку болно. Не одговори на претходното писмо кое ти го пратив, па тажна сум поради тоа. Мајка ти е во болница, бев да ја посетам. Не грижи се, не отидов со празни раце, ниту пак сама, за да не ѝ дадам повод за оговарање. Нашиот среден син дојде со мене, додека најстариот го чуваше најмалиот.
Го изорав и посеав нашето мало поле. За двајца работници дадов 150.000 лири. Се одржаа и централните градски избори. Гласав за Христијанската демократска партија, како што предложи парохијата. За „Срп и Чекан“ преминот беше голем, пронајдени се како да се мртви. Но, кој и да победи, исто е. За нас сиромашните ништо не се менува – вчера копавме и пак ќе копаме утре. Имаме маслинки оваа година. Работниците кои ги изнајмив за собирање ме чинеа 27.000 лири. Потрошив 12.000 за цедилка.
Добив доволно масло да наполнам една голема и една мала тегла. Можам да ги продадам по 1.300 лири за литар. Моја далечна љубов, моето срце е со тебе. Сега, бидејќи Божиќ е блиску, сакам да бидам со тебе. Те прегрнувам јас и децата.
Збогум драг мој, моето срце е твое и верна сум ти, баш како и нашите два прстени“.
Прочитајте го преводот на писмото:
„Љубов моја, моето срце е тажно бидејќи постојано мислам на тебе, а ти си далеку. Те прегрнувам, з

Пронајдете не на следниве мрежи: