Интервју со Владимир Тодоровиќ за неговите идни планови и проекти

Преку интервјуто кое го направивме со кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ, граѓаните може одблиску да ја ги видат сите идни планови и проекти кои Тодоровиќ сака да ги реализира во најскоро време, за жителите на Центар како и на главниот град.
Пулс24: По втор пат одлучивте да ја барате довербата од граѓаните на Општина Центар.  Кои се вашите приоритетни проекти следниот мандат?
Проектите кои ги имам планирано се објавени во мојата предизборна програма, а како позначајни би ги издвоил оние за кои граѓаните на Општина Центар ги истакнуваат при редовните контактш што ги имаме. Еден од нив е изградбата на ново училиште со спортска сала во населба Капиштец која веќе подолго време се соочува со проблемот на недостиг од училиште во нивната близина. Овде, според нашите испитувања, околу 1.000 ученици одат во подалечните основни училишта. Ова училиште веќе е вметнато во урбанистичките планови, на локацијата непосредно пред Агенцијата за вработување на град Скопје, а Општина Центар  ќе нарача проект кој ќе биде готов некаде до есента или до крајот на годината.
Исто така, како приоритетен проект е изградба на нова детска градинка со двојно поголем капацитет, на местото на постојната градинка на улицата Козара во населбата Капиштец.
Пензионерите од Општина Центар во никој случај нема да бидат заборавени и ние како општина се трудиме да им обезбедиме поудобен живот. Со отварање на пензионерски клубови ја покажуваме потребната грижа и помош за оваа категорија на граѓани. Но, тука  не запира нашиот ангажман во однос на грижата за пензионерите од Општина Центар. Во таа насока имам развиено дологорчна стратегија, чија крајна цел е изградба на пензионерски дом, односно овозможување што поудобен живот на луѓето кои што ни ја оставија општината во наследство.
Исто така, би ги истакнал и проектите за ревитализација на ресторан „Езерце“ и враќање на неговиот по­ранешен сјај, изградбата на целосна инфраструктура во но­вопроектираните модерни населби во Маџир маало, Ново маало и во Крњево. Изработката на студија и на програма за побрза реализација на ДУП преку ангажирање консултант, кој ќе биде контакт меѓу општината, граѓаните и потенцијалните инвеститори заради побрза реализација на ДУП е исто така еден од моите приоритетни проекти, како и оние за проширување и реконструкција на сите улици со комплетна ин­фраструктура во населбите Долно Водно, Старо Водно и Тасино Чешмиче, во согласност со новиот ГУП.
Пулс24: Знаејки дека вашата партија е силно фокусирана на развој на услови за спортување на целата територија на државата и досега се реализирани бројни проекти во однос на тоа. Кои проекти би биле спроведени во вашиот нов мандат во Општина Центар.
Со цел поттикнување на натпреварувачкиот и спортскиот дух кај најмладите и кај возрасните, а во соработка со централната власт, ќе изградиме спортска сала во ОУ ,,Св. Кирил и Методиј. Исто така, Општина Центар, како основач на кошаркарскиот клуб Работнички, континуирано ќе го под­држува клубот, а преку основање на младински кошаркарски школи во сите основни училишта, општина Центар ќе обезбеди силен потенцијал за идни­ната на клубот.
Во рамки на поддршката за КК Работнички, ќе биде изработена и реализи­рана програма со која прецизно ќе биде утврден обемот и начинот на изве­дување и финансирање на модернизацијата и реконструкцијата на спорт­ската сала „Градски парк“, место од каде навивачите на Работнички ќе можат со гордост да го бодрат клубот.
Исто така, во соработка со агенцијата за млади и на Владата на Република Македонија ќе овозможиме вклучување на лицата со посебни потреби во спортот и прис­пособување на спортските сали во согласност со нивните потреби.
Во мојата програма, предвидена е изградба на спортски и на детски игралишта и тоа: игралишта за мини-фудбал и за кошарка на Кале, спортско и детско игралиште во Долно Водно, спортски игралиштна улиците Димитар Пандилов и Иван Милутиновиќ, детски игралишта на улиците 50-та Дивизија и  Елисие Поповски. Со овие проекти, сметам дека значително ќе придонесеме во развојот на рекреативниот, училишниот и професионалниот спорт во нашата општина.
 
 
Пулс24: Центар стана најпосетувана туристичка дестинација за странските туристи. Кои се вашите планови за развој и промовирање на туризмот во општината.
Општина Центар располага со богат фонд автентични, природни, тра­диционални и културни ресурси, кои се значајни предуслови за развојот на туризмот во самата општина. Имајќи ја предвид големата улога што ја игра туризмот за локалниот економски развој, општина Центар својата економска пред­ност сѐ повеќе ја препознава во збогатувањето на туристичката понуда и подигнување на стандардите за квалитет во овој сектор. Во наредниот пе­риод Општината ќе биде посветена сѐ повеќе да ги искористува своите кон­курентски предности и максимално ќе се залага да ги развива и промовира најразличните видови туризам, особено културниот, рекреативниот, здрав­ствениот и другите алтернативни форми на туризам. Со тоа ќе ги задоволиме очекувањата и вкусовите на туристите, а нашата општина ќе настојуваме да ја направиме погодна и препознатлива дестинација на светската туристичка мапа.
Олеснувањето на пристапот до информации за туристичките капацитети, за културно-историските и природните знаменитости на Република Македо­нија, а особено на општина Центар, ќе придонесе за развојот на туризмот. Воедно, туристите ќе бидат информирани и ќе можат навремено да си го планираат својот престој.
 
Нашите стремежи и стремежите на сите граѓани на општина Центар се да изградиме една современа, функционална и убава средина како за тие што живеат и работат во неа, така и за сите посетители од земјата и од странство. Затоа ќе пристапиме кон меѓународна промоција на општина Центар како атрактивна туристичка дестинација. Со оваа програма, Општина Центар, на чело со ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја промо­вира историјата на Република Македонија преку многубројните обележја како и забавниот ноќен живот и добрите услови за инвестирање. Општина центар на годишно ниво ќе издава брошура со информации за хо­телските капацитети, туристичките атракции, археолошките локалитети и со други информации потребни за туристите, а ќе се организираат и промотивни туристички настапи на Општина Центар на туристичките паза­ри на соседните земји и во збратимените општини, односно во земјите каде што се наоѓаат.
Пулс24: Во врска со одржување на зеленилото и јавната чистота во Општина Центар на повеќе локации во самата општина  беа спроведени многубројни акции. Кои би биле понатамошните акции во однос на тоа во вашиот нареден мандат?    
Во текот на изминатите месеци, екипите за одржување на зеленилото и јавната чистота од Општина Центар, спроведоа повеќе акции на терен за кастрење на дрвја и грмушки, како и собирање на листен материјал, отпад и градежен шут. Акциите опфатија уредување на локации во населбите: Пролет, Маџир Маало и строгото централно подрачје на потегот, од улицата Даме Груев кон Зелено пазарче, Дебар маало, Капиштец и Водно, каде што се спроведе чистење на оставен отпад и кастрење на дрвја и грмушки. На одредени локации, кои што несовесните граѓани ги претвораат во диви депонии, подигнувањето на поголемите количини оставен отпад и градежен шут, се изведе со механизација. Сите исчистени локации и понатаму ќе се одржуваат од надлежните службите на Општина Центар, со цел да се овозможат пријатни катчиња за граѓаните. Затоа, апелираме до граѓаните да не оставаат отпад на несоодветни места. Во спротивно, сите прекршители ќе бидат казнети од комуналните редари, согласно Законот за јавна чистота.
Пулс24: Вашата фан-страница на социјалната мрежа Фејсбук е една од најпосетените. Кој се грижи за тој дел од кампањата и дали страницата ја користите за комуникација со граѓаните?
За интернет комуникацијата, како најбрзо средство за комуникација се грижи мојот тим, составен од неколкумина млади луѓе, кои секојдневно ме информираат за доставените предлози и прашања од страна на граѓаните. Оваа воспоставена практика за интернет комуникација со граѓаните, ќе продолжиме да ја користиме и после изборите. Затоа, ги повикувам вашите читатели, да станат поддржувачи на мојата фан-страница и секогаш да бидат информирани за сите мои активности.
Линк до фан-страницата:
https://www.facebook.com/TodorovikVladimir
 
 Преку интервјуто кое го направивме со кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодорови

Пронајдете не на следниве мрежи: