среда, 25 ноември 2026
Најново

Како ќе си го организирате животот ако имате пратеничка плата?!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На уметници, артисти, музичари, пензионери, поранешни спортисти им поставивме прашање: Како би си го организирале животот, барем еден месец, ако имате пратеничка плата сосе сите привилегии што ги носи со себе: платена сметка за мобилен телефон до 3.000 денари, пари за гориво, какви задоволства би си дозволиле, а за кои сега немате пари?Овој текст излезе во неделеникот „Република“ во март оваа година:
Јасно е дека е тешко да се откажеш од удобниот живот и привилегиите што ги добиваат по­ли­ти­ча­ри­те и јав­ни­те лич­но­сти . Те­шко е тие да се за­мис­лат во чевлите на обич­ни­те гра­ѓа­ни. Очиг­лед­но им се тес­ни. Порталот Република, направив­и список од де­се­ти­на јав­ни лич­но­сти, кан­ди­да­ти за гра­до­на­чал­ни­ци, политича­ри на кои им ги по­ста­вија пра­ша­ња­та: Ка­ко би пре­жи­ве­а­ле Вие и Ва­ше­то се­мејс­тво со две про­сеч­ни пла­ти во Ма­ке­до­ни­ја? Ка­ко би го рас­пре­де­ли­ле домашни­от бу­џет отка­ко ќе ги пла­ти­те ме­сеч­ни­те ре­жи­ски тро­шо­ци и хра­на­та? Од кои за­до­волс­тва би се отка­жа­ле за да мо­же­те да го истур­ка­те ме­се­цот?
Овој пат ре­шив­ме по­и­на­ку да пог­лед­не­ме на ра­бо­ти­те, па на умет­ни­ци, ар­ти­сти, му­зи­ча­ри, пен­зи­о­не­ри, по­ра­неш­ни спор­ти­сти им по­ста­вив­ме обрат­но пра­ша­ње: Ка­ко би си го ор­га­ни­зи­ра­ле жи­во­тот, ба­рем еден ме­сец, ако има­те пра­те­нич­ка плата со­се си­те при­ви­ле­гии што ги но­си со се­бе: пла­те­на сме­тка за мо­би­лен телефон до 3.000 де­на­ри, па­ри за го­ри­во, ка­кви за­до­волс­тва би си доз­во­ли­ле, а за кои се­га не­ма­те па­ри? Не е за ве­ру­ва­ње, но и овој пат те­шко ги до­бив­ме одговорите. А, мис­лев­ме де­ка ќе би­де лес­но, де­ка од­го­во­ри­те ќе дој­дат са­ми по себе веднаш отка­ко ќе го по­ста­ви­ме пра­ша­ње­то. До­бив­ме се­ка­кви од­го­во­ри од типот: ние жи­ве­е­ме нор­ма­лен жи­вот, жи­во­тот лес­но се ор­га­ни­зи­ра со та­ква пла­та, па до тоа: што се 65 ил­ја­ди де­на­ри, ме­не и на мо­е­то се­мејс­тво ни тре­ба­ат 200 илја­ди де­на­ри за да го по­ми­не­ме ме­се­цот;

 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Оде­ње во те­а­тар, ки­но, кни­ги, па­ту­ва­ња
Ед­на пра­те­нич­ка пла­та е око­лу 65 ил­ја­ди де­на­ри, ако сме­тка­та за мо­би­лен телефон е пла­те­на до 3.000 де­на­ри, ако до­би­ва­те три ил­ја­ди де­на­ри за го­ри­во, тогаш жи­во­тот е ле­сен, спо­ред обич­ни­от гра­ѓа­нин. За че­ти­рич­ле­но се­мејс­тво режиски­те тро­шо­ци се око­лу 15 ил­ја­ди де­на­ри и уште нај­мал­ку тол­ку за хра­на месеч­но, та­ка што со ед­на ва­ква пла­та оста­ну­ва­ат нај­мал­ку уште 30 ил­ја­ди денари.
Под прет­по­ста­вка де­ка не­ма­те ра­ти за исп­ла­та и де­ка не ви ди­шат во врат од неко­ја бан­ка, то­гаш лес­но мо­же да исп­ла­ни­ра­те ка­ко ме­рак­ли­ски да го по­тро­ши­те оста­то­кот од „пла­та­та“ ко­ја овој ме­сец сте ја за­ра­бо­ти­ле. Пр­во ќе на­пра­ви­те список на си­те прет­ста­ви во те­а­тар што не сте ги гле­да­ле, па ќе пог­лед­не­те во репер­то­а­рот на ки­на­та во ва­ши­от град. Иа­ко се на­у­чи­вте да пре­зе­ма­те фил­мо­ви од ин­тер­нет и да ги гле­да­те во до­маш­на ат­мо­сфе­ра, нај­че­сто ко­га де­ца­та ќе заспи­јат, ред­но е да ужи­ва­те во ма­ги­ја­та на го­ле­ми­от екран. Би­де­те искре­ни пред се­бе и приз­нај­те си ко­га пос­ле­ден пат сте би­ле во ки­но? Пред да се ро­ди пр­во­то де­те, си­гур­но; На пат до ки­но­то, за­ста­не­те до не­ко­ја кни­жар­ни­ца и вле­зе­те вна­тре. Сло­бод­но ку­пе­те си ја кни­га­та или кни­ги­те за кои одам­на ве­ли­те: од след­на­та плата. Се­га ја има­те пла­та­та, па ку­пе­те си ги си­те кни­ги што ќе из­ма­мат нас­ме­вка на ва­ше­то ли­це и ќе ви го збо­га­тат ду­хот.
До­а­ѓа ви­кенд. Го­тви­те се­кој ден, но ре­тко, си­те за­ед­но сте на ру­чек, та­ка што викенд е иде­ал­но вре­ме да оти­де­те на за­ед­нич­ки ру­чек во не­кој ре­сто­ран. Се разби­ра, де­ца­та го из­би­ра­ат ме­сто­то. И нор­мал­но е нив да им го оста­ви­те из­бо­рот за да се по­чув­ству­ва­ат важ­ни.
До­а­ѓа не­кој праз­ник и се со­би­ра­ат по­ве­ќе не­ра­бот­ни де­на. Од вас, на ра­бо­та не ба­ра­ат да ра­бо­ти­те пре­ку­вре­ме­но, та­ка што има­те че­ти­ри сло­бод­ни де­на. Има­те пра­те­нич­ка пла­та, не за­бо­ра­вај­те, сло­бод­но мо­же да си ор­га­ни­зи­ра­те еден убав про­дол­жен ви­кенд. Ва­ше е да од­бе­ре­те ка­де са­ка­те, пла­ни­на или мо­ре, или, пак, ако е есен или зи­ма – да­ли ќе те­ра­те ур­бан ту­ри­зам ше­тај­ќи по европ­ски­те градови, ма­кар и со авто­бус. До­вол­но ќе ви би­де и три де­на да би­де­те над­вор од во­о­би­ча­е­на­та ру­ти­на. Ќе ги на­пол­ни­те ба­те­ри­и­те. Жи­во­тот е на­ви­сти­на убав, нели?

Та­ња Ко­чов­ска: Е мно­гу са­кам да би­дам пра­те­ник
Актер­ка­та Та­ња Ко­чов­ска ја за­тек­нав­ме на сни­ма­ње, па не­ма­ше мно­гу вре­ме за да раз­го­ва­ра­ме на оваа те­ма. Но, Та­ња ка­ко Та­ња, за­дол­же­на за искре­ни и остри одго­во­ри без дво­у­ме­ње, из­ја­ви:- Е мно­гу са­кам да би­дам пра­те­ник. И да ја имам нив­на­та пла­та. Жи­во­тот сам се ор­га­ни­зи­ра со та­ква пла­та – из­ја­ви Ко­чов­ска, вра­бо­те­на во скоп­ски­от Те­а­тар за деца и мла­дин­ци.
Ѝ ка­жав­ме и од ка­де е иде­ја­та за ва­ква ми­ни-ан­ке­та ме­ѓу умет­ни­ци­те, спор­ти­стите, му­зи­ча­ри­те и за тоа де­ка во ми­на­ти­от број ја имав­ме обрат­на­та си­ту­а­ци­ја – по­ли­ти­ча­ри да пре­жи­ве­ат еден ме­сец со про­сеч­на ма­ке­дон­ска пла­та ко­ја из­не­су­ва 21.500 де­на­ри.
– А, по­ли­ти­ча­ри­те да пра­ша­ат ка­ко пре­жи­ву­ва мо­ја­та при­ја­тел­ка ко­ја има че­ти­ри си­на и ед­вај ус­пе­ва да ги пре­хра­ни де­ца­та? – ре­че Ко­чов­ска.
Ин­ди­ра Ка­стра­то­виќ е по­ра­неш­на ма­ке­дон­ска ра­ко­мет­на ре­пре­зен­та­ти­вка и членка на клу­бот кој ве­ќе не по­стои Ко­ме­тал Ѓор­че Пе­тров. По за­вр­шу­ва­ње на кари­е­ра­та ра­бо­те­ше не­кол­ку ра­бо­ти, има­ше и свој клуб, а се­га е тре­нер во женскиот клуб Вар­дар. Таа е искре­на и приз­на­ва де­ка има до­бар жи­вот, спо­ред нејзини­те стан­дар­ди.
– Фа­ла бо­гу, нам ни­што не ни фа­ли. Не ба­ра­ме мно­гу, но мис­лам де­ка има­ме довол­но за нор­ма­лен жи­вот. Јас и мо­јот со­пруг Зо­ран има­ме са­мо ед­на ќер­ка, Сара, ко­ја учи во ос­нов­но учи­ли­ште и за­се­га си­те по­тре­би мо­же­ме да ги дозволиме. Единс­тве­но што по­не­ко­гаш нам ни фа­ли, тоа е вре­ме. По­ра­но ка­ко спорти­сти и јас и мо­јот со­пруг ни­ко­гаш не мо­жев­ме да оти­де­ме на зим­ски од­мор. Се­га тоа мо­же­ме да си го доз­во­ли­ме – ве­ли Ка­стра­то­виќ.
Ма­ке­дон­ски­от актер Ки­рил Поп-Хри­стов е лу­ци­ден во од­го­во­ри­те, ка­ко и се­ко­гаш. За не­го 65 ил­ја­ди де­на­ри пра­те­нич­ка пла­та и плус при­ви­ле­гии не се ни­што, односно тоа е мал­ку.
– Јас сум ви по­греш­на лич­ност за ова пра­ша­ње – ре­че по­пу­лар­ни­от Ки­ли. – Што се тоа 65 ил­ја­ди де­на­ри? Сит­но. Па, ме­не са­мо сме­тки­те и тро­шо­ци­те за хра­на ми се тол­ку! За мо­е­то се­мејс­тво да жи­вее она­ка ка­ко што е на­у­че­но, без ни­ка­кви откажува­ња, нам ни се по­треб­ни 200 ил­ја­ди де­на­ри – из­ја­ви Поп-Хри­стов.
Се­кој има свој есап, но еса­пот до­ма и на па­зар не из­ле­гу­ва се­ко­гаш ист. За не­ко­го гар­де­ро­ба­та, за не­ко­го ки­но­то и те­а­та­рот, за друг кни­ги­те и па­ту­ва­ња­та ќе му го на­пра­ват жи­во­тот по­у­бав. Лес­но е да не­маш дол­го­ви и ра­ти кон бан­ки, да жи­ве­еш при­стој­но, да по­се­ту­ваш из­лож­би, да сле­диш трен­до­ви во му­зи­ка, фил­мо­ви, мо­да… Но, нај­у­ба­во е ко­га при­хо­ди­те при­стиг­ну­ва­ат ре­дов­но и на­вре­ме. И ко­га ужи­ваш во она што го имаш.Текст од неделеникот „Република“ во март оваа годинаОвој текст излезе во неделеникот „Република“ во март оваа година:
Јасно е дека е тешко да се откажеш од удобниот живот и привил

Поврзани вести