Лондонските гласачи го избраа првиот градоначалник-муслиман на најголемиот главен град на Западот

ЛОНДОН – По горчлива и жестока трка, Садик Кан од Лабуристичката Партија го доби градоначалничкото место саботното утро, и со тоа влезе во историјата како првиот Муслиман избран за градоначалник на поголем Западен главен град.Пишува Карла Адам за The Washington Post
Резултатот ќе биде многу поголем од само обична промена во Сити Хол во Лондон, предизвикувајќи го подемот на антиисламистичката политичка реторика на западот и давајќи уште помоќен глас на најголемата Пакистанска заедница во Британија во моментот кога земјата се соочува со сопствената криза на идентитетот.
Кан, кој како градоначалник го презема раководењето на град со над 8.6 милиони жители, што вообичаено гласаат за Лабуристичката партија, со својата победа го прослави триумфот на „надежта наспроти стравот и обединетоста наспроти поделеноста“, пренесува Associated Press.
Во време во кое многумина гледаат на Исламот на Западот како на политички отров, Кан успеа да го донесе до победа.
Пред 11 години, Пакистанците во Велика Британија се соочија со сомнежи и отпор откако во координираните терористички експлозии во Лондонското метро загинаа 52 лица и беа ранети над 700 лица.
Сепак, Кан никогаш не ја криеше верата. Незаборавно му се обраќаше преку Твитер на својот главен ривал, Зек Голдсмит од Конзервативната Партија, со зборовите: „Нема потреба да посочуваш кон мене истакнувајќи дека сум Муслиман. Сам си го напишав тоа во флаерите“.
Тој минатата недела за Вашингтон Пост даде изјава околу кампањата: „Сакам да бидам Британскиот Муслиман што ќе ги победи екстремистите и радикалите. Имам план за тоа како Лондон да остане безбеден“.
Официјалните податоци се дека Кан го победи Голдсмит со повеќе од 300 илјади гласови, откако се преброени гласовите од првиот и вториот круг, пренесува Associated Press. Резултатите излегоа во саботата изутрина, повеќе од 24 часа по завршувањето на гласањето. Кан го наследува Борис Џонсон, од Конзервативците.
Изборите за градоначалник се одвиваа само шест недели пред Британците да гласаат дали ќе останат во ЕУ – прашање што предизвика остри политички поделби за прашањата што се однесуваат на контролата над имиграциските политики.
Лондонскиот градоначалник има помала директна моќ отколку градоначалниците во САД и на други места. Но, оваа позиција, во времето на претходните градоначалници како левичарите Кен Ливингстон и Џонсон, имаше голема улога на говорница за важни прашања, како меѓународните работи.
Двајцата кандидати доаѓаат од исклучително различни семејства.
45-годишниот Кан е син на Пакистанец, возач на автобус, и како адвокат влегува во Лабуристичката партија во јужнолондонската изборна единица. Спиел во кревет на спрат во домот на своите родители се до 24-тата година.
41-годишниот Голдсмит, пак, е долгогодишен борец за заштита на животната средина и син на милијардер. Тој е правник и предлагач на закони во Ричмонд во Јужен Лондон. Неговата сестра, Џемима Кан, е поранешна сопруга на Пакистанецот Имран Кан, поранешен играч на крикет, кој подоцна се посветува на политиката.

Џемима Кан ја критикуваше кампањата на брат и, кој упорно го обвинуваше Садик Кан за „поттикнување и сокривање“ на Исламските екстремисти.
„Тажно е што кампањата на Зек не го одразува како оној што јас го познавам – политичар со независни убедувања и пријател на околината“, објави таа на својот профил на Твитер.
Кандидатурата за градоначалник беше само дел од голем број на локални и регионални избори низ Британија, заедно наречени „Супер Четврток“.
Надвор од Лондон, пак, Лабуристичката партија претрпе големи загуби во различни делови на земјата, покажувајќи дека наредните избори во 2020 година ќе бидат висок рид за искачување.
Гласањата од оваа недела ја означија првата поголема серија на избори откако Џереми Корбин, политичар од екстремната левица на Лабуристите, го доби лидерството на својата партија минатата есен со огромна поддршка на народот.
Резултатот беше мешавина.
Опозициските партии вообичаено добро поминуваат на локалните избори, но Лабуристите не поминаа. Сепак, за разлика од предвидувањата на интелектуалната елита, тие не изгубија толку многу од својата поддршка во Англија и останаа доминантни во Велшанското заседание.
Но, заостанаа зад Конзервативците како трета најголема партија во Шкотска.
Конзервативците поминаа децении во политичката дивина во Шкоска, но полека се издигнаа под харизматичното водство на Рут Дејвидсон.
Шкотската Национална Партија на Никола Стурџен ќе беше трета по сила во Шкотскиот Парламент, но беше несигурна во освојувањето на мнозинство, со тоа неизбежно поставувајќи ги прашањата за можност од втор референдум за независност во регионот.
Локалните избори доаѓаат во време кога лидерите на двете најголеми партии, Конзервативците и Лабуристите, се повеќе изменуваа отровни стрели меѓу себе.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, лидер на Конзервативците, оваа недела ја обвини Лабуристичката Партија на Корбин за антисемитизам, по скандалот што ја разниша партијата.
Лабуристичката партија неодамна суспендираше висок член заради контроверзии.
Камерон се сомневаше и во начинот на размислување на Кан, не за прв пат, велејќи дека го делел мислењето со симпатизерите-терористи.
Корбин ги обвини конзервативците за „валкање“ на угледот на Кан во градоначалничката трка.
Градоначалничките избори во Лондон, во чија кампања, кризата со домувањето беше најголемото бојно поле, уште повеќе огрдеа на крајот.
Кан беше присилен да ги демантира тврдењата дека ги поддржува Исламистичките екстремисти (велејќи дека се запознал со многу „непријатни ликови“ работејќи како адвокат во областа на човековите права), а Голдсмит беше принуден да ги демантира тврдењата дека е расист (признавајќи дека прашањата за тоа се легитимни).
На прашањето дали градоначалничката кампања на Конзервативците направила „трајна штета“ на врските во муслиманската заедница во Лондон, Ендрју Боф, лидерот на Конзервативците во Лондонската изборна единица, изјави: „Мислам дека тоа е точно“.
„Добредојдовте во етничката политика на градот со диверзитети“, изјави Џон Кертис, прфесор на Универзитетот во Стратклајд. „Знаеме дека говориме за општество во кое што има силен степен на исламофобија, и немојте да се изненадите ако партијата води кодирани политики што за мнозинството граѓани значат едно, а за одредени подгрупи значат друго“.
Во Лондон, космополитски град со над милион муслимани, негативната кампања остави горчлив вкус кај еден дел од народот.
По гласањето, даде изјава и 50-годишната Кејти Пери, маркетиншки истражувач, велејќи дека тонот на дебатата „лошо ќе се одрази на кампањата на конзервативците“.Пишува Карла Адам за

Пронајдете не на следниве мрежи: