НАРОДНИ ВЕРУВАЊА НА БАЈРАМ: Еве што денес треба да се прави, а што не!

Муслиманите се поздравуваат со радосниот поздрав: Бајрам Шериф Мубарек Олсун, а за времетрањето на Рамазан Бајрам треба да се стекнат повеќе пријатели. Еве уште кои верувања се присутни кај народот.Рамазан Бајрам означува крај на едномесечниот пост и следат денови на радост – денови на Бајрам. Првиот ден од Рамазан Бајрам почнува со утринска молитва, а муслиманите денес разменуваат подароци и посети.
Рамазан Бајрам секогаш паѓа на 1. шевал (десеттиот месец од муслиманскиот календар) и трае три дена, а верниците го сметаат за „празник на положениот испит“. Постењето е една од петте темелни должности.
Народни обичаи
Првиот ден од Бајрам се поминува во кругот на семејството кое се собира кај најстарите членови. Вториот ден се посетуваат мезарите и воедно се одбележува и како Ден на шехидите (паднатите борци).
Третиот ден е предвиден за дружење со пријателите и познаниците, а во традицијата е вкоренето да се склопуваат пријателства каде и да било, како и да се залага за вистината.
Адаби (бонтон) за време на Бајрам:
– капење пред заминување на Бајрам намаз
– јадење пред Рамазан Бајрам намазот, јадење на Крубан Бајрам дури по намазот
– учење на текбирот на пат кон џамија и во неа
– облекување на најубавите алишта, намирисување и украсување
– заминување во џамија по еден пат, а враќање по друг пат
– посета на роднини и пријатели. Рамазан Бајрам означува крај на едномесечниот пост и следат денови на радост – денови на Бајрам. Првиот ден од Рамазан Бајрам почнува со утри

Пронајдете не на следниве мрежи: