Нема враќање назад – Невидени нивоа на јаглерод диоксид ја гушат Земјата

По потпишувањето на беспредедентната Париска спогодба, веќе ратификувана и од двете страни кои важат за најголеми загадувачи со јаглерод диоксид, надежите беа дека климата нема да се загрее со повеќе од 2 °C до 2100 година.За жал, оваа година беа регистрирани бројни температурни рекорди што шири сомнежи во постигнување на целта на договорот – а сега се чини дека е срушен и позаканувачки рекорд.
Според информации на NOAA (Национална агенција на океански и атмосферски истражувања), концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата не паднала под 400ppm (делови на милион) во текот на септември. Во тоа време на годината, климатските процеси обично го соборуваат нивниот број до прилично пониски нивоа, па оваа вест е поразителна.
По сѐ изгледа дека 2016 ќе биде годината кога светот перманентно ја помина границата од 400ppm. Иако таа граница е чисто симболична, таа многу добро покажува колку значително сме ја промениле климата.
Според научниците, речиси невозможно е вредностите во месец октомври да паднат под оние од септември. Во ноември, пак, започнува циклусот на пораст и веројатно ќе поминеме 410ppm.
Нивоата на јаглерод диоксид во прединдустриските времиња биле околу 280ppm, што значи дека од крајот на 18-тиот век се забележува невиден пораст од 43%. Ова доведе до темпо на затоплување 10 пати побрзо од она што можеше да се очекува без интервенција на човекот.
Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата само ќе се покачува од тука, натаму. Париската спогодба ќе стапи ефикасно во сила наредните години, а емисиите на јаглерод диоксид ќе продолжат да се зголемуваат деценија по деценија. Некои експерти пресметале дека до 2030 година во атмосферата ќе има толку многу јаглерод диоксид што планетата ќе се загрее над 2 °C пред крајот на векот.
Всушност сме на пат да дојдеме до околу 560ppm до 2100 година, што би можело да доведе до дополнително затоплување до 9 °C. Ова ќе биде катастрофално за планетата, ќе предизвика многу повеќе деструктивни природни катастрофи, глад и пад на светската економија.
Теорија е дека сето ова може да се избегне. САД на пример може да се напојува од ветерна фарма со големина на Род Ајленд. Индонезија може да користи вулканска топлина, а комбинација на зелена и нуклеарна енергија може да ја снабдува речиси секоја една нација. Веќе има напредок во таа насока, но е многу тешко да се менуваат вековните инфраструктури за толку кратко време.За жал, оваа година беа регистрирани бројни температурни рекорди што шири сомнежи во постигнување на целта на договорот – а сега се чини дека е сру

Пронајдете не на следниве мрежи: