НЕОБИЧНИ ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ: Плукање наместо ракување, јазикот се плази како знак за мудрост…

Секоја култура има своја пракса, а некои имаат толку необични начини на однесување, кои внесуваат забуна кај луѓето од другите делови на светот. Откријте ги овие бизарни правила на однесување кои постојат во некои земји.Убавото однесување и бонтонот се ценат во сите општетсва, но она што ја прави разликата, е всушност дефиницијата за тоа што е пожелно, а што не. Listverse, направи список на необични обичаи кои во неколку култури имаат сосема поинакво значење, од она кај нас.
1. Плукање
Кај нас децата се учат дека не е убаво да се плука, а посебно не во јавност, камоли за плукање на други луѓе. Но, тоа не важи за припадниците на племето Масаи во Африка. Тие плукаат едни на други на сличен начин, како што луѓето од останатиот дел од светот се ракуваат. Всушност, тие и плукаат во своите дланки пред ракување, ако во случај заборават да плукнат еден на друг подоцна.
Пристојните деца кои ги поздравуваат постарите, слободно можат да очекуваат плунка во своја насока, а објаснувањето за тој обичај е дека плукањето симболизира најдобри намери, желба за добро здравје и долг живот. Токму од иста причина, членовите на семејството и пријателите плукаат едни на други, се плука на подароците пред дарување, при вселување во нов дом – поточно во секој агол, се плука на луѓе кои одамна не се виделе…
2. Сркање
Во поголем дел од земјите, сркањето супа или некој напиток во јавноста, се смета за одраз на лошо воспитување. Сепак, во бројни азиски земји како Кина и Јапонија, сркањето е пофалба за домаќинот. Симболизира дека храната или пијалакот се толку вкусни, што не можеме да дочекаме да се оладат – па сркаме. Така, вечерата без сркање може да го навреди источњачкиот домаќин, бидејќи се толкува дека гостинот не е задоволен.

3. Исплазен јазик
Овој гест се толкува како знак на шега, зафрканција, бунт или навреда. На пример, во Нова Каледонија, јазикот се смета за симбол на мудроста и енергијата. Во Тибет, исплазувањето на јазикот се доживува како гест на почит при поздравување, а тоа е резултат од верувањата дека еден лош крал во минатото имал црн јазик, па со покажувањето на црвен јазик се означува добродушноста. На Каролинските Острови се верува дека со покажувањето на јазикот се протеруваат демоните.
4. Цвеќе
Букет цвеќе кај нас се доживува како идеален дар за секоја пригода. Хризантемите, гладиолите и останатото бело цвеќе, во поголем дел од европските земји симболизираат жалост и се носат на погреби. Така, со дарување на бело цвеќе во Кина или каранфил во Франција, би можело да значи дека сте му порачале на примачот на цвеќето да „умре“. Жолтото цвеќе во Русија се доживува како знак за омраза, а виолетовото е симбол за несреќа во Италија и Бразил. Дури и бројот на цвеќиња може да претставува проблем – парниот број во европските земји е симбол за весели пригоди, а непарен за несреќни. На пример, на нашите простори, како и во Кина и Тајланд, е спротивна ситуацијата.
5. Комплименти
Не се лесно секогаш да се „скрши мразот“. Во поголем дел од светот, комлиментите во вид на „убава маица“, „добра јакна“ итн., се прифатливи и добредојдени во секојдневната комуникација. Но, во земјите од Блискиот Исток и африканските земји, како Нигерија и Сенегал, е спротивна ситуацијата. Таму, комплиментите лесно се толкуваат како желба упатена кон фалениот предмет, па со оглед на нивните правила за гостопримство, тие ќе ви го дадат она за што сте дале комплимент. Но, имајте на ум дека оној што ќе прими дар, мора да возврати со уште поголем дар според обичајот.Убавото однесување и бонтонот се ценат во сите општетсва, но она што ја прави разликата, е всушност дефиницијата за тоа што е пожелно, а што не. Li

Пронајдете не на следниве мрежи: