Помала невработеност и повисоки плати

Паѓа стапката на невработеност во Македонија. На пазарот на труд се создаде притисок што резултира со повисоки плати, а тоа постепено води и кон подобрување на животниот стандард. Со намалувањето на невработеноста расте цената на трудот, пишува Лидер.„Невработеноста се намалува, а тоа предизвикува раст на платите, коишто во изминатите години се покачија за над 65%“ – вели вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Економистите објаснуваат дека македонските компании ја зголемуваат конкурентноста, со што се создадени услови да се разговара за повисоки плати.
„Самото намалување на невработеноста продуцира зголемување на куповната моќ на граѓаните, меѓутоа има еден интересен феномен што го прати процесот и циклусот на намалување на невработеноста, а тоа е дека кога се намалува невработеноста мора да се внимава на висината на нивото на платите“ – вели универзитетскиот професор по трудово и социјално право Лазар Јовевски.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември изнесувала 32.877 денари, за 1,9% повисока во однос на истиот период претходната година. Просечната исплатена нето-плата по вработен изнесувала 22.380 денари.
„Македонија вработува“ го раздвижи пазарот на труд
„Македонија вработува 2“ генерира нови работни места. Половина година откако беше лансирана втората фаза од големиот проект, веќе се отворени повеќе од 4 илјади работни места во над 3 илјади компании.
„Проектот „Македонија вработува“ е главниот двигател за намалување на невработеноста и отворање нови работни места“ – вели Пешевски.
Проектот има двонасочен ефект. Невработените дојдоа до работно место и до редовни приходи, а компаниите добија можност да ангажираат работна сила по значително пониски трошоци, бидејќи се ослободени од плаќање персонален данок и придонеси за одреден период, во зависност од категоријата на ангажираните работници.
„Проектот е многу позитивно прифатен од страна на работодавачите и тие успешно го користат. Владата по успешноста на проектот „Македонија вработува 1“ донесе одлука да го продолжи и да го дополни и измени во насока на подобри услови“ – вели Слободанка Алексова, раководител на Центарот за вработување – Скопје.
Првата фаза од проектот „Македонија вработува“ резултираше со 18 илјади и 500 нови работни места. Работодавачите велат дека со овој проект добиле можност да селектираат квалитетна работна сила.
„Малите и средните компании имаат голема можност да продолжат на долг рок да вработуваат луѓе, но и на некој начин да ја обезбедат својата долгорочност или водење бизнис на подолг рок. Со проектот се намалија трошоците за водење бизнис, бидејќи секое вработување намалено за социјалните придонеси е своевидна директна помош“ – објаснува Миле Бошков од Бизнис -конфедерацијата на Македонија.
.Според пресметките за едно отворено ново работно место преку проектот „Македонија вработува”, заштедата на компаниите изнесува околу 1.500 евра.
Се отвораат нови работни места!
Проектот „Македонија вработува“ таргетира различни категории граѓани со цел да се задоволат потребите на компаниите од работна сила.
Во првиот пакет влегуваат невработените до 35 години, за кои работодавачот е ослободен од плаќање придонеси и персонален данок три години, под услов да ги задржи на работа уште најмалку 12 месеци по истекот на овој период.
Во втората категорија влегуваат долгорочно невработени од 35 до 50 години за кои има ослободување од придонеси пет години.
Со третата категорија се опфатени невработени над 50 години за кои ослободувањето од придонеси е 60 месеци.
Четвртата категорија се невработени над 58 години и за нив работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси до остварување на правото на старосна пензија. Повозрасните категории беа клучни за Синдикатот.
„Ние долго време имавме мака на кој начин и под кои услови тие работници да се вработат, бидејќи голем дел од стечајните работници имаа проблеми при нивното вработување“ – вели претседателот на ССМ, Живко Митревски.
Во последната категорија влегуваат невработени лица во социјален ризик.
Проектот го активираше човечкиот потенцијал
Економистите објаснуваат дека клучен фактор во овој проект е што се активира расположливата работна сила и се користи човечкиот потенцијал. „Субвенционирањето, односно ослободувањето од придонеси во одреден дел е мерка која влијае на активната политика на вработување, со цел да се активираат ресурсите и да се намали стапката на невработеност“ – објаснува професорот Јован Пејковски.
Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека активното население во земјава брои 949 илјади 944 луѓе, од кои 727 илјади 985 се вработени. Стапката на невработеност е на историски најниско ниво од 23,4%, а сите проекции покажуваат дека невработеноста ќе продолжи да се намалува, како резултат на активните мерки и на политиката за привлекување странски инвестиции.
„Најголем дел од отворените работни места се генерирани преку проектот „Македонија вработува“ и од компаниите во слободните економски зони. Ова покажува дека со комбинирање на мерките за унапредување на деловното окружување, поттикнување на инвестициите и активните мерки на пазарот на труд, можно е намалување на стапката на невработеност“ – објаснува министерот за финансии Кирил Миноски.„Невработеноста се намалува, а тоа предизвикува раст на платите, коишто во изминатите години се покачија за над 65%“ – вели вицеп

Пронајдете не на следниве мрежи: