Прашањето за нашата азбука и за нашиот литературен јазик

Во летото 1945 год некој си човек, кој до 1941 г. живеел во Македонија во писмо го критикуваше јазикот на кој се издава „Нова Македонија”, и откако го оцениле како српски, го вратиле весникот на редакцијата во Скопје…ова беше пречекано како непријателски акт кон Македонија. Авторот на писмото сега се извинува и се оправдува со неразбирање на вистинската положба во Вардарска Македонија…Во летото 1945 год некој си човек, кој до 1941 г. живеел во Македонија во писмо го критикуваше јазикот на кој се издава „Нова Македонија”, и откако го оцениле како српски, го вратиле весникот на редакцијата во Скопје…ова беше пречекано како непријателски акт кон Македонија. Авторот на писмото сега се извинува и се оправдува со неразбирање на вистинската положба во Вардарска Македонија…
…Навистина, Народното министерство на просвета не требаше да ги потврди целосно решенијата на Комисијата за азбуката.
Решението на Комисијата е да се земе како основа на литературниот јазик централното наречје, а имено битолско-прилепското и нешто од охридското. Тоа становиште го застапува и знаменитиот советски филолог Бернштајн, кој во едно свое писмо сакаше да ги заштити македонските филолози од грешка… Бернштајн советуваше да не се зема источното македонско наречје, што е силно бугаризирано, ниту скопско-велешкото, што има претрпено големи промени под влијанието на српскиот јазик. За жал…поради тоа што мнозина од кадрите се од овој крај и полесно им е да пишуваат на своето наречје,…и од локален патриотизам, не се раководат од еднаш земеното решение, туку го спроведуваат скопско-велешкото наречје. За ова треба да кажам дека и таму има уште спорови… Ќе има спорови, талкања, ќе си го каже зборот и народот од Егејска Македонија и од Пиринска Македонија и најпосле ќе дојде до едно правилно решение на прашањето. Нека ги земеме за пример Бугарија и Србија…
Нашите филолози… треба да работат врз оформувањето на македонскиот литературен јазик врз основа на веќе донесеното решение. Македонскиот литературен јазик треба да стане и тој ќе стане таков што ќе ја обедини цела Македонија. Во тој однос веќе има напредок… Појдете да послушате македонски јазик во Народниот театар, што се придржува кон централното наречје…ќе чуете ретко убав, звучен и пријатен јазик, што те тера да се гордееш со името Македонец.
Јазикиот во театарот и во училиштата е исчистен од србизмите што се среќаваат во весникот „Нова Македонија” и за кој се фаќаат нашиве великобугарски шовинисти. Но,…тоа што пропуштаа србизми во весникот и во говорот на тамошните месни луѓе, може да се објасни. Луѓето што ги пишуваат статиите, што го уредуваат весникот… се од онаа млада македонска генерација, која што минала низ српски училишта… Тоа не може, а да не остави извесен отпечаток врз нивниот јазик… Нашата интелигенција таму, и покрај упорната асимилаторска политика на старите великосрпски режими и во борбата со нив, општо земено го сочува својот јазик и стана пионер на македонската нација. Тоа и прави чест. А што да речам за нас, што во текот на овие години минавме бугарско школување? Ние чисто и просто го загубивме својот роден јазик…
…Важно е што таму во Вардарска Македонија се гради едно големо историско дело – македонската нација и држава, со своја писменост и култура – национална по форма, длабоко народна и прогресивна по својата содржина.
Драги сонародници, „Нова Македонија” беше атакуван… од Гроловци во Србија. Тие пишуваат: „Каков е овој бугарски весник”…И таму исто така се најдоа одделни луѓе меѓу самите Македонци…и предложија…да се воведат во македонската азбука две чисто српски букви… тоа било одраз на другото – на српското влијание во Македонија. Јас морам да ви кажам дека од нај-компетентно место и тоа не од Скопје, а од погоре дојде вмешувањето по ова прашање и тоа и помогна на Комисијата за азбуката да го отфрли предлогот за воведувањето на тие две букви, пр-во зашто тие не се изговараат во говорниот македонски јазик…
Поттикнувачите нека си го голтнат отровот. Тито им препушта на Македонците сами да си го решат тоа прашање. И за Тито и за сите нас важно е македонскиот народ да стои на здрави демократски позиции заедно со сите народи на ФНРЈ. А нема сомнение дека тој се држи здраво за тоа политичко братство и единство, зашто само тоа му ја донесе слободата и само тоа му го гарантира зачувувањето на таа слобода, како и стопанскиот и културниот развиток и среќата.
Македонскиот народ отфрла секакви туѓи влијанија во неговите сопствени редови, зашто многу добро знае дека во условите на нова Титова Југославија, при нејзиниот идеално демократски устав, тој за прв пат го доби признанието како одделна нација и можноста сло-бодно да ја развива својата национална култура…Во летото 1945 год некој си човек, кој до 1941 г. живеел во Македонија во писмо го критикуваше јазикот на кој се издава „Нова Македон

Пронајдете не на следниве мрежи: